Брзи мини пици со модар патлиџан – вкусно, прсти да излижете

Наместо класичната пица со тесто, направете вкусни мини пици со модар патлиџан - вкусен рецепт што откако ќе го направите еднаш, ќе го правите постојано.

mini-pici-so-modar-patlidjan-vkusno-prsti-da-izlizhesh-01.jpg

Ви се најавија гости и сакате да им подготвите нешто вкусно? Пробајте ги овие мини пици со модар патлиџан и готов болоњезе сос.

Се прават едноставно, а вкусни се, прсти да излижете!

Потребни состојки:

  • 1 поголем модар патлиџан
  • Сол
  • Маслиново масло
  • 1 тегличка готов болоњезе сос (може и сос од домати)
  • Свеж босилек
  • 200g рендан кашкавал

Начин на подготовка:

  • Измијте го модриот патлиџан и исечете го на крукчиња дебели околу 1,5-2cm;
  • Наредете ги во тава која сте ја обложиле со хартија за печење;
  • Посолете ги и врз секое парче ставете по малку маслиново масло;
  • Одгоре ставете по една полна лажица готов болоњезе сос и по едно свежо ливче босилек;
  • Најгоре ставете по малку рендан кашкавал;
  • Печете ги мини пиците околу 10 минути во загреана рерна на 180 степени;
  • Послужете ги топли.

Видео постапка:

View this post on Instagram

A post shared by Kaoutar Errabili (@kooki_lovescooking)

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Викенд мезе: Крцкави пилешки прсти од рерна, готови за 30-тина минути Крцкавите пилешки прсти се омилени за мезе или како предјадење, а наместо да ги ...
Прсти да излижете: Баунти колач со кокос и Орео колачиња, што не се пече Од овој колач задолжително ќе барате парче плус, а е омилен им е на сите оние шт...
Брзо пилешко гиро од Air Fryer – готово за 30-тина минути Како да подготвите вкусно гиро во домашни услови? Потребни ви се неколку состојк...
Рецепт за сочни „крофни“ со јаболка, цимет и карамела - Прсти да излижете Класичните крофни оваа есен заменете ги со „крофни“ од готово лиснато тесто, со ...
Здраво и неодоливо: Полнети пиперки со спанаќ и моцарела Ако барате вкусно и хранливо јадење кое комбинира живописни бои, смели вкусови и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg