Колач земјотрес – интересно име и уште поинтересен вкус

Колачот го добил своето име бидејќи состојките се мешаат слично како што се мешаат слоевите во Земјата за време на земјотрес.

Kolac-Zemjotres-interesno-ime-i-uste-pointeresen-vkus-01

Вистинскиот „земјотрес“ од вкусови и интересниот изглед се работите кои ќе ве натераат да го направите овој колач не само еднаш туку повеќепати. 

Потребни состојки:

  • 225g кокос
  • 110g сецкани ореви
  • 500g мешавина за лава колач
  • 3 јајца
  • 355ml вода
  • 118ml масло
  • 225ml маскарпоне
  • 170g путер
  • 455g шеќер во прав
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 225g темно чоколадо на ситни коцки


Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 180°C. Премачкајте го плехот со димензии 9х13cm со путер.

2. Истурете го кокосот во плехот така што рамномерно ќе го распределите, а потоа додадете ги оревите.

3. Во поголем сад за матење, ставете ја смесата за лава колач, јајцата, водата и маслото и мешајте додека не добиете хомогена смеса.

4. Истурете ја смесата врз слојот кокос и ореви.

5. На средна температура стопете го путерот и маскарпонето и додадете го во сад заедно со шеќерот во прав и мешајте со рака или миксер додека не добиете хомогена смеса. Додадете го екстрактот од ванила.  

6. Додадете ја смесата со крем-сирење врз чоколадната смеса во плехот и потоа промешајте со нож.

7. Ставете одозгора парчиња темно чоколадо.

8. Печете 45-55 минути. 

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за лесен посен ручек: Компири со праз и коприва Ако немате идеја за ручек, а не сакате да минувате многу време во кујна, сигурно...
Превкусна, а лесна - торта „Црна шума“ со вишни и чоколадо Тортата „Црна шума“ (Black forest) го добила името поради идеалната комбинација ...
Крофни полнети со крем и крцкав карамел, по француски рецепт Вкусни, кремасти и крцкави - ќе ги обожавате овие крофни... Љубител сте на ...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
Рецепт за највкусните домашни вафли - Се прават брзо, а ги снемува уште побрзо Идеални за брз појадок, или за ужина... Вафлите се мошне лесни за подготовка, а ...
Рецепт за посен ориз со соја топчиња на мексикански начин Мексиканската кујна не е многу застапена кај нас, но ако еднаш го пробате овој п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg