Рецепт за лесен посен ручек: Компири со праз и коприва

Ако немате идеја за ручек, а не сакате да минувате многу време во кујна, сигурно ќе ви се допадне овој рецепт. Притоа, рецептот е и посен.

recept-za-posen-ruchek-kompiri-so-praz-i-koprivi-01.jpg

Секогаш е добро да имаме при рака посен рецепт, кој не значи дека нема да е вкусен.

Во продолжение ви прикажуваме една несекојдневна идеја каде што во ручекот може да додадете и коприви и да уживате со целото семејство.

Потребни состојки:

  • 5 компири
  • ½ kg коприва
  • 1 праз со средна големина
  • 5 лажици масло
  • Сол, бибер
  • Магдонос

Начин на подготовка:

  • Измијте ја и исчистете ја копривата, па потопете ја во топла вода. Исцедете и исечкајте ја.
  • Излупете ги и измијте ги компирите, па исечкајте ги на поголеми парчиња.
  • Потоа исчистете го и исечкајте го празот, па пропржете го.
  • Додајте ги компирите и оставете ги малку да се пропржат.
  • Измешајте и прелијте со 400 милилитри вода, па додајте ја и копривата.
  • Зачинете по вкус, па оставете да се готви додека не испари водата и додека се сварат компирите.

recept-za-posen-ruchek-kompiri-so-praz-i-koprivi-02.jpg

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за колач со мандарини и карамелизиран шеќер Ако еднаш го направите овој колач, веќе нема да сакате да ги јадете мандарините ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg