Десерт во шолја: Сладок француски тост

Францускиот тост во шолја е новиот револуционерен рецепт кој ќе ви ја смени перцепцијата за тоа како треба да изгледа вашиот појадок или десерт.

Francuski-tost-vo-caska-novo-slatko-zadovolstvo-01

Ванилата и циметот се состојките кои со својот богат вкус ќе направат ваше будење и појадок да бидат акт на хедонизам и вистинско уживање.

Ако пак се решите да го послужите како десерт, очекувајте само комплименти и молби за рецептот.

Всушност, подготовката е повеќе од едноставна:

Состојки:

  • 80 ml млеко
  • 2 поголеми јајца
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • ½ лажичка цимет
  • 1 лажица путер, стопен
  • 4 парчиња леб исечен на коцки
  • 1 лажица додатоци по желба (рендано чоколадо, суво овошје или јаткасти плодови) за секоја чаша
  • шеќер во прав и мед или овошен сируп за декорација

Начин на подготовка:

Во поголем сад измешајте ги млекото, јајцата, екстрактот од ванила и циметот.

Francuski-tost-vo-caska-novo-slatko-zadovolstvo-02

Премачкајте ја внатрешноста од чашките со путер.

Секоја од чашките наполнете ја до пола со леб и ставете додатоци (чоколадо, овошје или јаткасти плодови) и повторете ја постапката неколку пати.

Francuski-tost-vo-caska-novo-slatko-zadovolstvo-04

Секоја од чашките прелијте ја со мешавината од млеко, јајца, ванила и цимет.

Ставете ја секоја од чашките во микробранова на висока температура од минута до минута и половина.

Послужете го десертот во шолја топол и декориран со шеќер во прав и мед или овошен сируп.

Francuski-tost-vo-caska-novo-slatko-zadovolstvo-05

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Едноставна пита од лиснато тесто со јагоди - се прави за 30 минути Без разлика дали ја послужувате за специјална пригода или само се почестувате со...
Рецепт за колачиња од ѓумбир, што се печат и во Air Fryer Како да ги подготвите омилените колачиња со ѓумбир, што се застапени речиси во с...
Рецепт за погачици со чварки со неодолив вкус Овие домашни погачици со чварки се идеални за појадок или за ужинка, а имаат нео...
Рецепт за путер колачиња со рум од кои ќе замириса целиот дом Денес ви прикажуваме еден супер лесен рецепт за путер колачиња со рум. Лесен ...
Мини американски палачинки со парчиња чоколадо – децата ќе ги обожаваат (видео) Децата ги обожаваат американските палачинки - но ако малку го смените рецептот и...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg