По оригинален рецепт: Жербо торта

Емил Жербо го измислил машинското производство на чоколадо.

Zerbo-torta-01

Неговата слаткарница нудела огромен избор на слатки задоволства меѓу кои стотина видови колачи, вкусни торти со крем од путер, полнети чоколадни бонбони, меѓу кои и најпознатата со полнење од вишна и коњак.

Сите негови производи се викаат едноставно – жербо. Во продолжение следи рецептот за една од неговите највкусни торти: 

Потребни состојки:

За кора

15 белки од јајца

375g мелени ореви

225g шеќер

30g брашно

Прелив за кора 1:

320g шеќер

Прелив за кора 2:

200g темно чоколадо

20g маргарин

Фил:

15 жолчки од јајце

200g шеќер

150g путер

250g маргарин

Подготовка:

Матете ги белките додека не добиете цврста пена, додадете го шеќерот и продолжете со матење. Потоа додадете ги мелените ореви, промешајте ја смесата со дрвена лажица и поделете ја на три дела.

Калапот за печење обложете го со хартија, и ечете ја кората во загреана рерна на 200°C околу 15 минути.

Од шеќерот направете карамел и премачкајте ја кората.

Чоколадото растопете го со маргаринот и премачкајте го врз карамелизираниот шеќер.

Жолчките изматете ги со шеќерот во прав, згответе ги на пареа и кога ќе се изладат додадете ја смесата од изматен путер и маргарин.

Со филот премачкајте ги корите и тортата, декорирајте по желба и оставете ја на ладно за да се стегне.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Шеќерни крофни со цимет и путер, меки како душа Крофните со шеќер, цимет и путер се најмеките крофни што некогаш ќе ги пробате. ...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Здраво и неодоливо: Полнети пиперки со спанаќ и моцарела Ако барате вкусно и хранливо јадење кое комбинира живописни бои, смели вкусови и...
Сочен викенд ручек: Свински кременадли на скара со прелив од мед Свинските кременадли со глазура од мед можете да ги пробате за продолжени викенд...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg