Крцкави чоколадни топчиња што дури и најголемиот аматер може да ги направи

Откако ќе го пробате овој рецепт ќе можете да експериментирате со разни додатоци и слоеви, и да додадете повеќе ореви или трошки чоколадо. Подготовката на овие крцкави чоколадни топчиња е едноставна, што дури и оние што не готват ќе можат да ги направат.

Krckavi cokoladni topcinja sto duri I najgolemiot amater moze da gi napravi 01

Веруваме дека ќе уживавте во овој вкусен десерт.

Состојки:

  • 150g лешници
  • 250g Нутела
  • 80g наполитанки
  • 180g чоколадо

Подготовка:

Прво испечете ги лешниците за да го извлечете нивниот специфичен вкус. Потоа измелете ги и ситно исечкајте ги наполитанките. Земете сад во кој ќе ги измешате лешниците, сечканите наполитанки и нутелата.

Нутелата треба да е рамномерно распоредена низ целата смеса. Откако ќе завршите, ставете ја смесата во фрижидер да стои околу два часа.

Додека ја чувате смесата во фрижидер, стопете го чоколадото. Потоа извадете ја смесата од фрижидерот и започнете да формирате топчињата што ќе ги натопите во растопената чоколада, која треба малку да се излади пред тоа.

Кога ќе ги направите топчињата, тргнете ги настрана за да ги исцедите од вишокот чоколадо и повторно вратете ги во фрижидерот.

Извадете ги после еден час и уживајте во вашиот чоколаден десерт.

krckavi-cokoladni-topcinja-sto-duri-i-najgolemiot-amater-moze-da-gi-napravi-2-1.jpg

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Направете вкусни чоколадни брауни колачиња со капини - прсти ќе излижете Кога ќе се спојат вкусно црно чоколадо и капини, ќе добиете идеален десерт – чок...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
Рецепт за брз ролат со банани и Нутела, кој им успева на сите Банани и Нутела – постои ли подобра комбинација за вкусен десерт? Банани и Ну...
Брзи и вкусни чоколадни браунис без шеќер, готови за 15 минути (видео) Чоколадните браунис колачиња со банана имаат малку калории, па можете да ги јаде...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg