Вкусен десерт без печење и многу мака – чоколадни коцки со путер од кикиритки

Сите ги сакаме рецептите кои вклучуваат малку состојки, уште помалку вложен труд, а одличен вкус.

Chokoladni-kocki-so-piter-od-kikiritki-01.jpg

Доколку сте расположени за нешто слатко, подгответе чоколадни коцки со неодолив вкус на путер од кикиритки за вашите најблиски.

Потребни состојки:

  • ¾ шолја иситнети бисквити или плазма кекс
  • ½ шолја стопен путер
  • 2 шолји шеќер во прав
  • ½ шолја путер од кикиритки со парченца кикиритки во составот, не мазен (по можност)
  • 100-150 gr чоколадо (темно или млечно, по желба)

Начин на подготовка:

1. Во подлабок сад измешајте ги иситнетите бисквити заедно со путерот. Додадете ги шеќерот и путерот од кикиритки. Добро измешајте додека не добиете компактна, еднолична смеса.

2. Во тавче со должина од 20 cm на коешто сте поставиле хартија за печење натапкајте ја добро подготвената смеса.

3. Стопете го чоколадото на пареа и истурете го врз смесата од бисквити и путер од кикиритки. Оладете ја „тортата“ во фрижидер најмалку 30 минути до 1 час или во замрзнувач доколку не ви се чека толку долго.

4. Исечете на коцки и послужете.

Chokoladni-kocki-so-piter-od-kikiritki-02.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шеќерни крофни со цимет и путер, меки како душа Крофните со шеќер, цимет и путер се најмеките крофни што некогаш ќе ги пробате. ...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Вкусен колач без печење со ресана и Кока-кола Сакате да пробате нешто ново, а вкусно? Погледнете го видео-рецептот за колач со...
Вкусни бомбици од 2 состојки за кога немате ништо благо дома Кога немате ништо благо дома, можете да си подготвите бомбици од само 2 состојки...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg