Солени, декоративни корпи, совршени за празничната, велигденска трпеза

Солените корпи се едно од омилените предјадења, вкусни, мали залачиња и одлично мезе пред преминување на главното јадење.

Soleni-dekorativni-korpi-za-praznicnata-trpeza-01.jpg

За велигденските празници подгответе ги овие брзи, солени корпи. Немојте да се грижите доколку ви остане вишок, доколку тоа е возможно, ќе си ги каснете за појадок наредниот ден.

Потребни состојки за 36 корпи:

  • 200 gr брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 10 gr сусам (црн или обичен)
  • ½ лажичка сол
  • 20 gr мелено ленено семе
  • 100 ml газирана вода
  • 100 ml масло
  • За филот: (по сопствен избор и желба) ајвар, печеница, сирење, кашкавал, павлака, маслинки, кисели краставички, итн…

Начин на подготовка:

1. Во подлабок сад ставете го брашното, додадете го прашокот за печиво, сусамот и меленото ленено семе. Добро промешајте ја сувата смеса, па додадете ја газираната вода и маслото за јадење. Мешајте додека смесата не стане мазна и компактна.

2. На површина на која сте ставиле малку брашно развлечете тенка кора, со околу 3-4 mm дебелина. Извадете мали кругови со помош на модла или тенка чаша.

3. Исечканите кругови поставете ги на задниот дел од капа за мафини а дното избоцкајте го со виљушка. Печете во загреана рерна 7-8 минути на 200 °C или додека не се заруменат.

4. Извадете ги и оставете добро да се оладат пред да ги филувате.

5. Во поглед на филот креативноста ви ја оставаме вам. Може да ги наполните со ајвар, сирење и маслинки, потоа фил од павлака и кисели краставички во комбинација со печеница, итн… можностите се многубројни.

Soleni-dekorativni-korpi-za-praznicnata-trpeza (2).jpg

Soleni-dekorativni-korpi-za-praznicnata-trpeza (3).jpg

Доколку ви е потребна визуелизација на рецептот, погледнете го видеото:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Здраво и неодоливо: Полнети пиперки со спанаќ и моцарела Ако барате вкусно и хранливо јадење кое комбинира живописни бои, смели вкусови и...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg