Совршен летен ручек: рижото со тиквички и топен кашкавал

Летото ни доаѓа, а покрај другото, тоа значи – сè помалку време во кујна и сè повеќе време поминато надвор во природа.

Rizoto-so-tikvicki-i-topen-kashkaval-01.jpg

Доколку сте во потрага по лесен, здрав, вкусен и едноставен рецепт за кој не мора да потрошите часови покрај шпоретот, подгответе рижото со тиквички и топен кашкавал.

Потребни состојки:

  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 средна главица црвен кромид (или обичен)
  • 1-2 тиквички
  • 1 шолја басмати ориз за рижото
  • 2-4 лажици рендан кашкавал (чедар или некој друг по желба)
  • 4-6 лажички бело вино
  • Вода или пилешки бујон
  • Зачини по желба (куркума, вегета, сол, кари, бибер…)

Начин на подготовка:

  • Исечкајте го ситно кромидот и пропржете го на масло додека не стане стаклест на изглед. Слободно додавајте по малку вода за да не потемни.
  • Додадете ја тиквичката исечена на коцкички и продолжете со динстање. По неколку минути додадете го оризот и добро измешајте.
  • Динстaјте го оризот на средна температура и додавајте по малку обична вода или пилешки бујон. Зачинете по желба.
  • Важно е оризот да не „плива“ во вода, но внимавајте да не остане и сув. Потребно е постојано да додавате по малку течност и постојано да мешате.
  • Пред самиот крај додадете го белото вино, повторно добро измешајте, па додадете го изренданиот кашкавал (оваа количина секако може да варира, односно по желба може да додадете и малку повеќе).
  • Сервирајте додека е топло.

Rizoto-so-tikvicki-i-topen-kashkaval-02.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Викенд ручек: Мусака ролат со мелено месо и растопен кашкавал Како да подготвите вкусен ручек со којшто ќе ги изненадите домашните? Пробајте г...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Здраво и неодоливо: Полнети пиперки со спанаќ и моцарела Ако барате вкусно и хранливо јадење кое комбинира живописни бои, смели вкусови и...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg