Ручек во едно тавче – фахитас со пилешко месо, лимон и зеленчук

Доколку сакате вкусен и едноставен летен ручек кој не подразбира премногу труд и време во готвењето, имаме идеален предлог. 

Fahitas-so-pilesko-meso-01.jpg

Вкусни, крцкави тортиљи со свежи пилешко месо и зеленчук. Се подготвува во една тава, што значи дека нема да направите хаос во кујната.

Потребни состојки:

  • 500 g пилешки стек
  • 1 црвена пиперка, ситно исечкана
  • 1 зелена пиперка, ситно исечкана
  • ½ црвен кромид, исечкан на тркалца
  • ¼ шолја маслиново масло
  • 2 лажички сол (и други зачини по желба: куркума, кумин, коријандер кари, лук во прав, оригано …)
  • 1 пакување готови тортиљи
  • 1 зрело авокадо
  • 1 лимон (или лимета, по желба)
  • Кисела павлака

Начин на подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 200˚С. Измешајте ги сите зачини, вклучувајќи ја и солта во помал сад.
  • Во поголемо тавче обложено со хартија за печење ставете го пилешкото, зеленчуците и добро измешајте ги со маслото и зачините.
  • Печете од 20-25 минути додека зеленчуците не омекнат, а пилешкото не се зарумени. Вишокот течност слободно истурете го.
  • Врз месото и зеленчукот додадете сок од 1 свежо исцеден лимон или лимета.
  • Во последните 3 минути од печењето ставете ги тортиљите во алуминиумска фолија, но внимавајте истата да биде отворена за да се затоплат и потпечат.
  • Сервирајте го авокадо исечкано на парчиња и кисела павлака како сос.

Fahitas-so-pilesko-meso (5).jpg

Fahitas-so-pilesko-meso (4).jpg

Fahitas-so-pilesko-meso (3).jpg

Fahitas-so-pilesko-meso (2).jpg

Fahitas-so-pilesko-meso (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Крофни со боровинки и прелив од лимон, се топат во уста Овие крофни не се пржат, а остануваат меки и неколку дена (но сигурни сме дека ќ...
Рецепт за брза пилешка салата – идеално мезе кога чекате гости Заради овој рецепт секогаш ќе практикувате да имате дома пилешко месо и крастави...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепт за брза ужинка со кој најлесно ќе ги натерате децата да јадат зеленчук Овие корејски палачинки се идеални за сите возрасни што сакаат да пробаат нешто ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg