Вкусен мезе-ручек: Потпечени полнети модри домати полнети со мелено месо и кашкавал

Традиционално мезе на модерен начин, кое изгледа впечатливо, а неодоливо вкусно и најадува како цел оброк.

vkusen-meze-ruchek-potpecheni-polneti-modri-domati-polneti-so-meleno-meso-i-kashkaval-0.jpg

Ретко кој помислува на модри домати за мезе или главен ручек, но во оваа комбинација навистина е неодоливо вкусно.

Наполнете ги модрите домати со смеса од мелено месо, кашкавал и други додатоци, запечете и имате вкусен ручек или мезе за пријателите.

Потребни состојки:

  • 2 модри домати
  • Малку маслиново масло
  • 1 кромид
  • 400g мелено месо
  • Сол и бибер
  • 120ml бело вино
  • 3 лажици пармезан за смеса
  • 3 лажици лебни трошки
  • 200g моцарела или кашкавал по вкус
  • 2 лажици доматен сос
  • Пармезан за наросување

За доматниот сос:

  • Маслиново масло
  • 1 чешне лук
  • 300ml доматно пире
  • Босилек
  • Сол

Начин на подготовка:

  • Прво подгответе го доматниот сос. Во тавче ставете малку масло, додадете го лукот и малку запржете го да добие светла боја.
  • Додадете го доматното пире, босилекот и солта и оставете 20 минути на тивка температура да се крчка.
  • Во меѓувреме, пресечете ги доматите на половина по должина и извадете го средниот дел, а потоа намачкајте ги доматите со масло.
  • Средината од доматите исечкајте ја на ситни коцки и тргнете ја настрана.
  • Ставете малку масло во тавче, додадете кромид и запржете го. Потоа додадете го и месото, зачинете, а откако малку ќе се запржи додадете бело вино и оставете да се готви.
  • Откако ќе го тргнете месото од оган, додадете пармезан, лебни трошки, кашкавал и 2 лажици од доматниот сос.
  • Измешајте ја убаво смесата и наполнете ги модрите домати кои претходно ќе ги намачкате со доматниот сос.
  • Наредете ги доматите во тава за печење каде претходно ќе го истурите остатокот од доматниот сос.
  • Врз секој домат ставете по една лажица сос и пармезан.
  • Печете 30 минути на 180 степени Целзиусови.

Видео постапка:

View this post on Instagram

A post shared by Cookist (@cookist)

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вкусен колач без печење со ресана и Кока-кола Сакате да пробате нешто ново, а вкусно? Погледнете го видео-рецептот за колач со...
Вкусен десерт: Чурос залчиња со цимет и путер Чурос потсетуваат на тулумби, а сепак не се. Но овие мали залчиња се превкусни и...
Викенд ручек: Мусака ролат со мелено месо и растопен кашкавал Како да подготвите вкусен ручек со којшто ќе ги изненадите домашните? Пробајте г...
Брз летен десерт: Кремаст Киндер мус од само 2 состојки, кој ќе го обожавате Ако ги сакате Киндер чоколадата, тогаш сигурно ќе уживате во вкусот на домашниот...
Викенд мезе: Крцкави пилешки прсти од рерна, готови за 30-тина минути Крцкавите пилешки прсти се омилени за мезе или како предјадење, а наместо да ги ...
Брз викенд ручек за гурмани: Потпечени плескавици со растопен кашкавал Што да подготвите ако дома имате компир, мелено месо и моркови? Може да си напра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg