Први официјални детали за Голф 7

prvi-oficijalni-detali-za-golf-7-1

Volkswagen ги објави првите официјални детали од седмата генерација на Golf, неколку дена пред официјалното претставување на автомобилот во Берлин на 4-ти Септември.

Новиот генерација на Golf е 4255mm долг, 1799mm широк и 1452mm висок, што значи дека е 56mm подолг, 13mm поширок и 28mm подолг од неговиот претходник. Првиот Volkswagen-ов модел кој е поставен на MQB платформата, исто така вози на шасија која располага со 59mm подолго меѓуоскино растојание од сегашниот Golf, додека трагот на тркалата е поширок за 8mm напред и 6mm позади.

Германскиот бренд изјави дека зголемувањето на надворешните димензии ќе придонесе за големо подобрување во сигурноста при судир, како и зголемување на просторот во внатрешноста. Капацитетот на багажниот простор е зголемен за 30 литри, од претходните 350 на 380 литри.

Покрај зголемувањето на димензиите, Volkswagen тврди дека успеале да “скинат” 100 килограми од тежината на Golf во споредба со неговиот претходник. Ова е постигнато со серија на подобрувања, вклучувајќи употреба на ултра цврст челик во неговата структура, па така сега новата каросерија е полесна за 23 кг.

prvi-oficijalni-detali-za-golf-7-2

Според Volkswagen, постигнати се и додатни олеснувања од 26 кг со употреба на алуминиумски компоненти во шасијата, 7 кг поради новиот дизајн на седиштата и 3 кг поради промени во поврзувањето на електрониката на автомобилот, така што тежината на основниот модел изнесува 1050 кг! Како резултат на намалувањето на тежината, потрошувачката на гориво е намалена во просек за 12.9 проценти, додека кај некои верзии има подобрување за 23 проценти.

Vw треба наскоро да ја објави гамата на мотори, но потврди дека ќе содржи нова генерација на три и четири-цилиндрични турбо дизел агрегати, заедно со основниот 1.2-литарски TSI бензинец и новиот 1.4-литарски четири-цилиндричен бензински мотор со деактивирање на цилиндрите, кој има моќност од 140 кс. Во комбинација со седум-степен менувач со дупла спојка, 1.4-литарскиот TSI забележува просечна потрошувачка од 4.8 литри на 100 километри.

На Парискиот Автомобилски Саем на 27-ми Септември, Volkswagen планира да го прикаже новиот Golf GTI, опремен со 2.0-литарски турбо бензинец со сила од 222 кс.

*Објавените фотографии се неофицијални рендери, официјални фотографии очекуваме наскоро!

извор: carclub.mk

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg