Volvo е посилно и од авион

volvo-e-posilno-i-od-avion

Дека Volvo автомобилите се едни од најбезбедните на светот, речиси и нема кој не слушнал...добро, освен можеби пилотите.

За пилотот на малиот авион AT3, кој имал проблеми при слетувањето на писта недалеку од Лондон, можеби подобро ќе било ако решил да се судри во друг авион, отколку во челичниот „шведски ѕид“.

Имено авионот се судрил во автомобилот Volvо XC60, и додека патниците во автомобилот поминаа без гребнатинка, пилотот во авионот се здобил со посериозни повреди, за што сведочат и остатоците од неговото летало.

За среќа, на лице место се нашла дежурна противпожарна екипа, ангажирана за потребите на автомобилската трка во соседството, па огнот од ударот бил брзо изгаснат.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg