Надлежните престанаа да го пребаруваат теренот, истрагата оди во нов правец – Нови детали за потрагата по Данка Илиќ

Србија трет ден трага по исчезнатото 2-годишно девојче Данка Илиќ, а според информациите во српските медиуми, потрагата на местото на исчезнувањето е прекината, сега се следат нови траги и докази – се проверуваат базните станици, а најдена е и видеоснимка од надзорни камери во близина.

nadlezhnite-prestanaa-da-go-cheshlaat-terenot-istragata-odi-vo-nov-pravec-novi-detali-za-potragata-po-danka-ilikj-01.jpg

Малата Данка Илиќ (2) од Бор, Србија, исчезна во вторникот (26.03) во 13.45 часот во приградската населба Бањско Поље, а според изјавата на мајката, девојчето одеднаш го снемало од местото каде што биле на излет.

Во првите 24 часа од истрагата надлежните лица го пребаруваа детално теренот во размер од околу 10 километри квадратни, но сега според објавите во српските медиуми, истрагата на теренот е прекината, а полицијата се пренасочила кон другите траги во истрагата.

nadlezhnite-prestanaa-da-go-cheshlaat-terenot-istragata-odi-vo-nov-pravec-novi-detali-za-potragata-po-danka-ilikj-02.jpg

Полицијата во рамки на истрагата го земала телефонот на мајката Ивана Илиќ на вештачење, а родителите биле однесени во полиција на сослушување, но тоа не значи дека се осомничени, туку само им се земаат изјави.

Освен тоа, се прави проверка и на базните станици од мобилната телефонија во областа за да се утврди движењето на сите личности кои во кобниот период околу исчезнувањето на малата Данка биле во нејзина непосредна близина.

nadlezhnite-prestanaa-da-go-cheshlaat-terenot-istragata-odi-vo-nov-pravec-novi-detali-za-potragata-po-danka-ilikj-03.jpg

Вкрстувањето на овие докази со изјавите од родителите и другите сведоци би можело да укаже на извесни недоследности во изјавите што биле дадени во полиција.

Детективот Миле Новаковиќ, кој е поранешен началник на Управата на криминалистичката полиција, даде изјава за српски Blic, во која нагласува дека сослушувањето на родителите на девојчето не значи дека тие се виновни за нешто.

„Кога теренската претрага не дава резултат, тогаш мора да се оди на нешто друго и да се прошири истрагата. Се истражува најблиското окружување.

Обично на почеток се оди на прво полиграфско испитување.

nadlezhnite-prestanaa-da-go-cheshlaat-terenot-istragata-odi-vo-nov-pravec-novi-detali-za-potragata-po-danka-ilikj-07.jpg

Причината не мора да биде сомнеж во родителите или во некој од членовите на семејството дека нешто му направиле на детето, туку едноставно тоа се прави затоа што детето не е најдено во теренската потрага“ – вели тој.

nadlezhnite-prestanaa-da-go-cheshlaat-terenot-istragata-odi-vo-nov-pravec-novi-detali-za-potragata-po-danka-ilikj-04.jpg

Исто така, полицијата ги добила снимките од надзорните камери од домот на една од сосетките која ја снимила улицата каде што се наоѓало девојчето непосредно пред исчезнувањето.

Особено внимание привлече тоа што е забележен автомобил со таблички од Крагуевац кој се појавил на улицата само неколку минути откако мајката поминала оттаму.

nadlezhnite-prestanaa-da-go-cheshlaat-terenot-istragata-odi-vo-nov-pravec-novi-detali-za-potragata-po-danka-ilikj-05.jpg

Дел од српските медиуми пишуваат дека полицијата го пронашла мажот кој управувал со автомобилот, но се покажало дека станува збор за сосед кој возел под дејство на алкохол и затоа поминал со голема брзина.

Мајката во изјава за медиумите рече дека била на излет со двете деца во Бањско поље каде што живеат нејзините родители. Во еден миг само се свртела и девојчето го снемало.

nadlezhnite-prestanaa-da-go-cheshlaat-terenot-istragata-odi-vo-nov-pravec-novi-detali-za-potragata-po-danka-ilikj-06.jpg

За потсетување, за малата Данка во Србија за првпат беше вклучен системот „Пронајди ме“, кој е српска верзија на американскиот систем познат како „Амбер алерт“, со којшто јавноста брзо се известува за исчезнувањето на некое дете.

Прочитајте и Што претставува системот за исчезнати лица „Амбер алерт“ + грозоморната приказна заради која е создаден

Б. С. Б. | Црнобело / фото: Фејсбук

Би можело да ве интересира:

Зошто српските актери Слобода Мичаловиќ и Војин Четковиќ ги кријат ќерките од јавноста? Во брак се повеќе од 15 години, се знаат многу одамна, но се вљубија на снимањет...
Огромни бранови во Грција: Застрашувачки сцени и спасувачки акции на Лефкада и Патра, се удави синот... Едно момче било најдено удавено во Грција, на островот Фурни, а на социјалните м...
Моќна порака од хрватски психотерапевт: „Не е важно само жената да биде добра мајка, туку пред сè да... „Не е важно што прави мајката, туку каква е состојбата на нејзиниот нервен систе...
Мајката влегла да наполни вода и девојчето го снемало – Што знаеме за исчезнувањето на Данка Илиќ (2... Девојчето било во мала куќичка со семејството за да се одморат и децата да се ис...
Бившиот на Цеца, со малку оседена коса, ужива во љубовта со некогашната Мис Србија – ја преболи пеја... „Сонце, песок, море и ти. Само мој“, напиша новата девојка на бизнисменот Богдан...
Напади од морски желки во Хрватска и траорни сведоштва: „Беше агресивна, главата ѝ беше колку две чо... „Тоа беше средба очи во очи со желка од 50-тина килограми. Според упатените, ста...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg