Македонка се капе во ледена вода на -34C° во Лапонија - Бетика постигна нов личен рекорд

„Еве вака го постигнав мојот нов рекорд, мирно смирено и среќно. Бетика помина цели 4.286 километри за да си го собори сопствениот рекорд од 2018-та којшто ми беше -33C°...“, вели Бети Котовчевска (27) од Ресен која во Лапонија ги тестира своите граници.

makedonka-se-kape-vo-ledena-voda-na-34c-vo-laponija-betika-postigna-nov-lichen-rekord-01.jpg

Бети Котовчевска (27) од Ресен, по професија нутриционист, позната е како Бетика – ледената Македонка.

Таа го следи примерот и делото на Вим Хоф, екстремен холандски атлетичар, кој е светски познат како Ледениот човек (The Iceman).

View this post on Instagram

A post shared by Betika ✨ (@_betika_)

Како и тој, така и нашата Бетика постојано се капе во ледени води.

Сега, таа повторно отпатува во својата омилена Лапонија и таму постигна нов личен рекорд.

Нејзината објава гласи:

„Еве вака го постигнав мојот нов рекорд, мирно смирено и среќно. Мештаните на Лапонија ми кажуваа дека не се надевале на толкав пад на температурите баш во почетокот на пролетта, затоа што цела зима ја поминале со најладни -27,8 C°.

Ама Бетика беше тргната цели 4.286 километри за да си го собори сопствениот рекорд од 2018-та кој што ми беше -33C°.

Честитки Бетике, успеа!

Вчера беше најладниот ден во Лапонија оваа зима -34C°, а јас гордо ќе си го додадам овој еден степен како најголема моја победа.“

Погледнете го видеото:

Уште едно видео од нејзиниот престој во Лапонија:

Прочитајте и Запознајте ја ледената Македонка Бетика - крши мраз и плива, се капела во Лапонија на -33°C (фото)

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не е Прованса, Грција е: Македонка позира среде недогледни полиња лаванда (фото) „Отсекогаш сум сакала да имам магични фотографии со полиња од лаванда, но и покр...
Јован Јованов ужива во Куба – да одмори од студената Канада (фото) Кога не е работно ангажиран во Канада и не е на посета во родната Македонија, Јо...
„Жена се сака секој ден“ - Нова доза моќни пораки од Бомбакис, дечкото со написи на картони „Не е сè така розово како што изгледа на Инстаграм“, „Довербата е луксуз во дене...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg