Лила објави фотка од болница половина час пред операцијата за рак на дојката: „Не се плашев, едвај чекав да се случи и да го продолжам патот на излекување“

Насмеана, ведра, расположена и подготвена да го живее животот со полни гради – вака изгледа Лила Филиповска на фотографијата што ја сподели на Инстаграм, а која е направена во болничката соба во Турција половина час пред да почне операцијата на рак на дојката.

lila-objavi-slika-od-bolnica-polovina-chas-pred-operacijata-za-rak-na-dojkata-ne-se-plashev-edvaj-chekav-da-se-sluchi-i-da-go-prodolzham-patot-na-izlekuvanje-01.jpg

Еден месец откако Лила Филиповска првпат јавно кажа дека имала рак на дојката и сподели како го поминала најтешкиот период во животот, таа сега објави нова фотографија на Инстаграм со која се потсети што се случувало половина час пред да почне операцијата.

Моќната фотографија повторно предизвика воодушевување кај следбениците на Лила, кои ѝ коментираат дека е силна жена и дека им е инспирација на многу други дами со својот позитивен став.

„Кој би рекол дека животот ќе ми се дели на ‘пред’ и ‘после’ оваа слика! Слика направена половина час пред мојата петчасовна операција на канцер на дојка. Сосема спонтано направена од мојата другарка, a сега сосема случајно пронајдена во мојот албум со слики.

И да… оваа насмевка е искрена и многу зборува. Зборува за тоа дека воопшто не се плашев и не траоризирав. Зборува за тоа дека едвај чекав да се случи и да го продолжам патот на излекување! Добро прочитавте: Не патот на лекување туку на излекување.

Зборува за мојата решеност да го издржам и ова патешествие не баре сум тргнала да снимам уште една од моите емисии!“, почнува пораката на Лила.

lila-objavi-slika-od-bolnica-polovina-chas-pred-operacijata-za-rak-na-dojkata-ne-se-plashev-edvaj-chekav-da-se-sluchi-i-da-go-prodolzham-patot-na-izlekuvanje-02.jpg

Познатата водителка вели дека денот кога се оперирала бил студен, но имало сонце и таа тоа го сфатила како позитивен знак.

„А денот студен, зимски ама сончев. Го сфатив тоа како добар знак. И беше!!!

Без разлика на тоа што ноќта по операцијата бев во вистинска агонија, без разлика што проклетникoт пуштил пипци и по лимфните јазли под пазувите, и што имав закачено три дрена.

Кога хирург како др Фатих Ајдован ќе ти каже дека ќе биде се во ред, едноставно знаеш дека треба да му веруваш“, продолжува таа.

lila-objavi-slika-od-bolnica-polovina-chas-pred-operacijata-za-rak-na-dojkata-ne-se-plashev-edvaj-chekav-da-se-sluchi-i-da-go-prodolzham-patot-na-izlekuvanje-04.jpg

Лила вели и дека има уште многу да пишува, ама нема да го направи сето тоа одеднаш.

„А пишувам само заради Вас кои ја биете истата битка. Првиот чекор до победата е верувањето дека ќе победите! Без него нема да стигнете до вториот.

Никој не вика дека ќе биде лесно ама не заборавајте: светот ги памти само победниците“.

lila-objavi-slika-od-bolnica-polovina-chas-pred-operacijata-za-rak-na-dojkata-ne-se-plashev-edvaj-chekav-da-se-sluchi-i-da-go-prodolzham-patot-na-izlekuvanje-03.jpg

Лила минатиот месец првпат јавно кажа дека имала операција од рак на дојката и низ каква голгота поминала изминатата година откако лекарите ѝ ја дијагностицирале болеста.

Таа неодамна беше гостинка на настан во хотелот „Александар Палас“, на српската хуманитарка и инфлуенсерка Ана Дорник, која исто така го победила ракот. И тогаш Лила говореше за болеста и откри дека во текот на целото лекување плачела само два пати. 

Прочитајте и Првиот емотивен говор на Лила Филиповска за борбата со ракот: „Плачев само двапати, периодот на дијагноза ми беше најтежок“

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лила по 4 месеци повторно на Бали: „Затоа што еднаш не е доволно“ Лила Филиповска повторно ужива на Бали, само неколку месеци откако го посети ост...
Лила Филиповска: „Канцерот не знае ни кои сте, ни колку години имате, ни од каде доаѓате“ „Јас сакам да го гледам светот со розови очила, така е многу поубав, така го гле...
Лила Филиповска во Дубаи и Турција, Миа Костова на Малдиви - Познатите Македонки ја отворија сезонат... Тијана Дапчевиќ беше во Египет, Илина Арсова помина неколку дена покрај езеро во...
Лила и Биг Мама го истражуваат Сингапур – По влечки на аеродром, на молитва во будистички храм (фото... „Од авион се симна со папучиве и низ цел аеродром вака шеташе. Не можеш да не ја...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Малиот Јосиф и мама Ирина Дишовска се дома - прва фотка од Павле Камилоски со синот Ирина Дишовска, која имаше навистина активна бременост, сега веќе е дома, а музи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg