Каков татко таков син – Слаткар објави ретка фотографија со синчето Моша

„Каков татко - таков син“ - коментираат фановите на Слаткар, откако музичарот објави фотка на која тој и Моша спијат еден покрај друг со подотворена уста. Ова е една од ретките фотки кои Слаткар ги објавува од синот, кој го чува подалеку од очите на јавноста. 

kakov-tatko-takov-sin-slatkar-objavi-preslatka-fotografija-so-mosha-01.jpg

Македонскиот хип-хоп музичар Марко Маринковиќ Слаткар, на Инстаграм Стори објави фотка со синот Моша, на која двајцата спијат еден покрај друг со подотвотрена уста.

Слаткар фотката ја сподели неколку дена пред роденденот на неговиот син - Моша е роден на 15 април 2020 година и наскоро ќе полни три години.

kakov-tatko-takov-sin-slatkar-objavi-preslatka-fotografija-so-mosha-05.jpgФото: Инстаграм Стори

Ова е една од ретките фотографии на кои Слаткар го покажува лицето на својот син. 

„Наскоро...“, напиша Слаткар и со оваа фотка ги најави спотот и песната кои ги направи за својот син, а кои ќе ги промовира околу неговиот роденден.

Спотот ќе биде компилација од видеа и фотографии со Моша кои Слаткар и неговата сопруга Сања Николиќ, ги правеле во овие три години, откако се роди Моша.

Слаткар изминативе години не крие колку е среќен што има син.

Кога се роди бебето тој често објавуваше фотографии и видеа како го поминува времето со Моша, па во едно видео му пееше „Мошико, најубаво дете на цел свет“, а брзо потоа сподели и видео во кое ноџињата на својот син ги нарекува „жабји батачиња“.

kakov-tatko-takov-sin-slatkar-objavi-preslatka-fotografija-so-mosha-06.jpg

Но, и покрај тоа што Слаткар и Сања се дел од јавниот живот и го привлекуваат вниманието, тие ретко објавуваат семејни фотографии на социјалните мрежи.

На фотките од Моша кои ги споделија досега, тој е свртен со главата и не му се гледа лицето.

Инаку, Слаткар во моментов е актуелен со песната „Сибир“, која ја промовираше пред еден месец.

Тој често има настапи во клубовите низ Македонија и од секој свој настап објавува видеа со дел од атмосферата и како публиката се забавува.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жарко Димоски доби син и објави прва фотка, Слаткар и Сања Николиќ на прошетка во Солун: Што прават ... Актерот Жарко Димоски со сопругата Андреа доби син, па шеговито се пожали: „Еден...
Слаткар го прослави 37-иот роденден - синот Моша и сопругата Сања Николиќ му пеат додека дува свеќич... Со торта, свеќички со бројот „37“ и најсаканите покрај него, Слаткар го прослави...
Познати Македонки кои веќе добиле внучиња, а изгледаат одлично Фолкерката Даниела Темелковска годинава стана баба, но на Инстаграм мами воздишк...
Тие им се најголема поддршка - Како изгледаат сопругите на македонските пејачи? Јоце Панов и неговата избраничка биле во врска 10 години пред да стапат во брак,...
3 симпатични кафулиња во Скопје со игротека Родителите имаат ретка можност за „раат кафе“ во оние места кои нудат нешто плус...
Популарни плажи со бич-барови покрај Охридското Езеро што треба да ги посетите Кои бич барови и плажи работат ова лето? Каде би можеле да ги поминете деновите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg