Потег за поздрав! Македонска фитнес инструкторка нуди бесплатни тренинзи за заболените од рак

„До оваа идеја дојдов откако прочитав една статија поврзана со важноста на вежбањето за време на хемотерапија“ - открива за CRNOBELO.com, нашата фитнес инструкторка Александра Оровчанец која започна хумана акција за бесплатни тренинзи со цел да им помогне на лицата што во моментов ја водат најтешката битка за животот и се обидуваат да го победат ракот.

poteg-za-pozdrav-makedonska-fitnes-instruktorka-im-nudi-na-zabolenite-od-rak-besplatni-treninzi-01.jpg

Македонската фитнес инструкторка Александра Оровчанец и сопственичка на фитнес студиото Ana Fit на својот Инстаграм профил објави дека се вклучува во хумана акција со цел да им помогне на сите лица заболени од рак, кои со моментов се лекуваат со помош на хемотерапија.

„Поради многуте придобивки од вежбањето за време на хемотерапија, сите болни од рак (за време на лекувањето) сега ќе вежбаат бесплатно во Ana Fit“ – вели таа.

Во продолжение појаснува дека дел од придобивките од редовното вежбање кај пациентите заболени од рак се:

  • Помало оштетување на срцето;
  • Намалување на чувството на замор;
  • Намалување на болката и гадењето, подобрување на менталното здравје, како и 100.000 други причини.

Инаку, Александра е дипломиран Професор по физичко и здравствено образование на Факултетот за физичка култура, спорт и здравје во Скопје.

Таа е и државна рекордерка на Македонија во атлетските дисциплини 3.000 метри стипл, штафета 400×300×200×100 метри и штафета 4×300метри. Поседува бројни сертификати од многу семинари одржани во Македонија, во Србија и во Словенија.

Во изјава за CRNOBELO.com, Александра ни откри дека до идејата за оваа хумана акција дошла откако прочитала една статија за тоа колкави се придобивките од вежбањето кај луѓето заболени од рак.

„До оваа идеја дојдов откако прочитав една статија поврзана со важноста на вежбањето за време на хемотерапија и после оваа статија направив поголемо истражување и дојдов до заклучок дека на сите пациенти со хемотерапија мора да им се овозможи  бесплатно вежбање.

Дополнително бидејќи сите тренинзи се со физичко присуство и онлајн истовремено, од сите градови ќе можат да се приклучуваат и да вежбаат“ - вели таа.

poteg-za-pozdrav-makedonska-fitnes-instruktorka-im-nudi-na-zabolenite-od-rak-besplatni-treninzi-02.jpg

Нејзината акција е поздравена од нејзините следбеници и доби голем број лајкови и позитивни коментари.

Б. С. Б. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Александра Шијакоска се венча со саканиот по 12 години врска, на денот на неговиот роденден Александра Шијакоска заблеска во елегантна бела венчаница на венчавката со сакан...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
„Жена се сака секој ден“ - Нова доза моќни пораки од Бомбакис, дечкото со написи на картони „Не е сè така розово како што изгледа на Инстаграм“, „Довербата е луксуз во дене...
Над 252 тони отпад собрани и селектирани во ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023 - најмасовната еко-акција во земја... Во рамките на еколошката акција Генералка Викенд 2023, што од 12 до 14 мај по тр...
Македонскиот рапер Таско стана татко – со сопругата му дадоа уникатно име на синот „Фала ти Господе за овој прекрасен благослов“, напиша Таско и откри дека станал ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg