Ирина Камилоска за одењето на Водно со 3-месечниот син: „Го дојам синот на јавни места, се качуваме повеќе мајки заедно“

„Имавме ситуација кога една мајка не можеше да се искачи на десетина минути пред крај (ѝ беше прво искачување со бебе) и јас го зедов бебето во мои раце додека таа да се стабилизира за да може да продолжи. Нема срам. Кој има мака ќе си побара помош“, вели планинарката Ирина Камилоска, која од неодамна се организира со други мајки со бебиња и заедно одат до Средно Водно.

irina-kamiloska-za-majchinstvoto-go-dojam-sinot-i-na-javni-mesta-koga-go-iskachuvame-vodno-ako-na-nekoja-majka-i-treba-pomosh-go-prezemam-bebeto-01.jpg

Планинарката Ирина Камилоска, сопруга на музичарот Павле Камилоски, пред три месеци (18 јуни) го роди синот Јосиф.

Откако неодамна на Инстаграм одговараше на прашања поврзани со мајчинството и првите искуства по раѓањето на бебето, Ирина сега повторно им даде можност на своите следбеници да ја прашаат што сакаат за да ја сподели својата приказна.

Ирина, која откри дека била физички активна до два дена пред породувањето и се качила на Водно, од неодамна се организира со други мајки кои имаат мали бебиња, а кои сакаат да пешачат. Тие заедно како група се качуваат на Водно, што им дава можност за дружење, но и да останат физички активни.

Screenshot_2023-09-14_082138_copy.jpg

За сега групата оди од полициската станица до Средно Водно, но таа сака наскоро да направи и група со која би се искачиле и до врв, за потоа да се вратат со жичницата надолу.

„Дали може да дојдам со 4-годишно детенце, немаме искуство во качување?“, прашува една мајка.

„Се разбира дека може. Немаме ограничување во возраста на децата. Примаме во друштво мајки со бебиња, мајки со деца од сите возрасти, дури и трудници. Споделуваме искуства и имаме многу убава дружба“, вели Ирина.

Таа откри дека откако ќе се качат на Средно Водно, таму остануваат околу еден час. Во тоа време мајките разговараат, пијат кафе, ги дојат бебињата или им даваат кашички, а потоа се враќаат назад, до полициската станица, од каде и се собира групата кога тргнува нагоре.

irina-kamiloska-za-majchinstvoto-go-dojam-sinot-i-na-javni-mesta-koga-go-iskachuvame-vodno-ako-na-nekoja-majka-i-treba-pomosh-go-prezemam-bebeto-05.jpg

„Со што е најбезбедно да ја качам нагоре – транспортер, марама?“, прашува мајка која вели дека нејзиното бебе има 7 седмици.

„За толку мало бебе, доколку имате марама и најдобра опција. Јас го носев во кенгур, меѓутоа кенгурот ќе ми користи уште долго, а за да не купувам и кенгур и марама, се решив само за кенгур.

За бебе од 7 седмици само марама, да е свртено со стомачето кон тебе, да ја чувствува мајчинската топлина и мирис и да ужива,“ вели Камилоска.

Таа откри дека со мајките се искачуваат само претпладне, но дека еднаш неделно може да организираат искачување и попладне, доколку постои интерес од мајки кои не можат да дојдат со нив наутро поради работните обврски.

„Дали може да дојдат со вас и 25-годишни девојки без дечиња, кои не се бремени?“ ја прашуваат во пораките.

„Ако ти е за утеха и ние бевме до пред неколку месеци (година) немажени, без дечиња и не бевме бремени. Доколку не ви пречат деца околу вас, со задоволство, придружете ни се“, ѝ одговара Ирина.

irina-kamiloska-za-majchinstvoto-go-dojam-sinot-i-na-javni-mesta-koga-go-iskachuvame-vodno-ako-na-nekoja-majka-i-treba-pomosh-go-prezemam-bebeto-03.jpg

„При нормална бременост, дали е во ред искачувањето во 5-ти месец?“, прашува нејзина следбеничка.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Малиот Јосиф и мама Ирина Дишовска се дома - прва фотка од Павле Камилоски со синот Ирина Дишовска, која имаше навистина активна бременост, сега веќе е дома, а музи...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Кристина Димитри по јавните критики на нејзина сметка: „Поминав низ пекол, јас сум и мајка и татко н... „Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се б...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg