Барбара Поповиќ со емотивна изведба на „Зајди, зајди“ го расплака Дарко Димитров: „Ти си гордост на Македонија“

„Еднаш кажав дека си гордост на Македонија, но денес јас сум горд што сум Македонец. Оваа песна е македонска химна и мене и на сите Македонци ни е една од најубавите. Ова е песна на Александар Сариевски и мислам дека и тој ќе биде горд што Барбара вака ја претставува Македонија“, кажа Дарко Димитров.

barbara-popovikj-so-emotivna-izvedba-na-zajdi-zajdi-go-rasplaka-darko-dimitrov-ti-si-gordost-na-makedonija.jpg

Македонската пејачка Барбара Поповиќ, која се натпреварува во регионалното музичко шоу „IDJ Show“, маестрално ја испеа „Зајди зајди“ и ги расплака Дарко Димитров и Наташа Беквалац, кои се членови на жирито.

Ни таа не можеше да ги задржи солзите по нивните коментари, кои почнаа уште од самиот водител на шоуто кој ѝ рече дека емоција како што покажа таа додека пееше, не може да се одглуми.

barbara-popovikj-so-emotivna-izvedba-na-zajdi-zajdi-go-rasplaka-darko-dimitrov-ti-si-gordost-na-makedonija-05.jpg

„Беше сензационална вечерва, звучеше спектакуларно. Со оваа песна го покажа целиот свој талент“, ѝ кажа Наташа Беквалац со насолзени очи.

„Моја среќа што не плачам на оваа песна, инаку ќе заплачев и јас“, рече Реља кој е исто така член на жирито, а кој претходно се расплака додека еден од кандидатите ја пееше „Не куни ме, не ружи ме мајко“ од Луис.

barbara-popovikj-so-emotivna-izvedba-na-zajdi-zajdi-go-rasplaka-darko-dimitrov-ti-si-gordost-na-makedonija-04.jpg

Последен својот коментар го даде композиторот и продуцент Дарко Димитров. Тој не штедеше пофалби за пеењето на Барбара, а не криеше ни колку го допрела нејзината емотивна изведба.

„Еднаш кажав дека си гордост на Македонија, но денес јас сум горд што сум Македонец. Многу ангели поминале кај нас, меѓу нив беше и Тоше Проески и жалам што веќе го нема, меѓутоа ти си еден од ангелите кои сега ја претставуваат Македонија.

Оваа песна е македонска химна, па како што вас ве допре ‘Не куни ме, не ружи ме мајко’, мене и на сите Македонци оваа песна ни е една од најубавите што се направени. Луѓето мислат дека е народна, но ова е песна на Александар Сариевски и мислам дека тој ќе биде горд што Барбара вака ја претставува Македонија“, кажа Димитров.

barbara-popovikj-so-emotivna-izvedba-na-zajdi-zajdi-go-rasplaka-darko-dimitrov-ti-si-gordost-na-makedonija-03.jpg

На неговите коментари, Барбара се расплака, па ѝ донесоа хартиени шамивчиња на сцената за да се избрише.

Таа освен со пеењето, привлече внимание и со стилот. Прекрасната пејачка овој пат носеше златен фустан со светли и исти такви ракавици, и црна наметка, а косата ѝ беше залижана наназад.

barbara-popovikj-so-emotivna-izvedba-na-zajdi-zajdi-go-rasplaka-darko-dimitrov-ti-si-gordost-na-makedonija-02.jpg

Настапот на Барбара почнува на 1:35:59 - погледнете го видеото:

Прочитајте и „Дама се раѓа, браво девојко“ – Нашата Барбара Поповиќ го воодушеви регионот со настап во српско музичко шоу

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кристина Димитри по јавните критики на нејзина сметка: „Поминав низ пекол, јас сум и мајка и татко н... „Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се б...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Дарко Илиевски доби ќерка – Ѝ даде име со посебно значење за семејството „Среќата го достигна својот максимум. Ми се роди ќерка. Ана Ирена Илиевска ни до...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg