Славчо Попоски, метеоролог: „Неделава ќе биде постудено, најмногу сонце во четврток и петок“

Малку пониски температури, слаби врнежи од дожд, но и повремено засилен ветер – какво време не очекува до крајот на неделата?

slavcho-poposki-meteorolog-nedelava-kje-bide-postudeno-najmnogu-sonce-vo-chetvrtok-i-petok-01.jpg

По невообичаено топлата недела, деновиве температурите ќе бидат малку пониски, но сепак нема да биде многу студено како што е во овој период од годината. Како минатата, и неделава ќе имаме неколку сончеви денови.

Во продолжение, прогнозата на Славчо Попоски за следниве неколку денови:

„Оваа седмица во Македонија ни носи повеќе облачност, но и нешто пониски температури на воздухот за разлика од минатата. Сепак сè уште сме далеку од онаа вистинска зима и температури како што доликуваат за овој период од годината.

Повремено ќе има и локални слаби врнежи од дожд, а на планините над 1400-1500 метри надморска височина ќе провејува снег. Повремено снежната граница би можела да се спушти и на планините и под 1.400 метри надморска височина.

Најмногу сонце оваа седмица ќе имаме во четврток и во петок
.

Од денес ќе започне да дува и повремено засилен ветер од северен правец, најизразен долж Повардарието (повремено со брзина до околу 60 км/час).

Во Скопје исто така ќе има услови за локален краткотраен и слаб дожд, а ќе дува и повремено засилен ветер од северен правец.

Што се однесува до температурите, утринските особено од среда на повеќе места ќе се спуштаат под нулата и тие ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 0 степени, а максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени“.

Спирова С. | Црнобело

фото: Фејсбук; freepik.com

Би можело да ве интересира:

На 40 степени е најубаво да се разладиш на Матка - скопјани уживаат на пикник и капење во Треска (фо... Постојат три периоди во годината кога Матка е омиленото место на скопјани – за 1...
Славчо Попоски, метеоролог: „Викендов очекувајте послаби врнежи од снег и температури до -10 степени... „Веќе од четврток нè очекува голема промена на времето и нов голем бран на врнеж...
Миа Костова си ја „отвори“ душата за синот: „Мислев секогаш ќе ми биде тешко, а види нè денес“ „Некогаш тешко ми беше малку со тебе на колк и купување на акција, ама види нè д...
Славчо Попоски, метеоролог: „Ќе има постуден воздушен бран, со врнежи од дожд и снег на планините“ „Кон крајот на денов, а особено во текот на ноќта, облачноста ќе се зголемува, и...
Славчо Попоски, метеоролог: „Во среда силно невреме, а од четврток заладување со снег на планините“ „Од четврток следува период на значително пониски температури (за повеќе од 10-1...
Малку твист, малку црвено вино - Водителките на Канал 5 ги фати празнична еуфорија (видео) 2024-та е на прагот, а водителките на утринската емисија „Здраво Македонијо“,&nb...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg