Мала глумица како мама и тато – Првите кадри на ќерката на Емра Куртишова и Петар Стојановски

„Првиот филм на Лена“ – напиша Емра Куртишова на фотките во кои се гледаат првите снимки на нејзината 4-месечна ќерка. Со оглед на тоа што и двајцата родители ѝ се врвни актери, на малата Лена ѝ е судено да порасне на малите екрани и на „штиците што живот значат“.

mala-glumica-kako-mama-i-tato-prvite-kadri-na-kjerkata-na-emra-kurtishova-i-petar-stojanovski-01.jpg

Често луѓето знаат да речат дека „крушата под круша паѓа“, а на малата Лена по сѐ изгледа ѝ е предодредено да биде актерка.

mala-glumica-kako-mama-i-tato-prvite-kadri-na-kjerkata-na-emra-kurtishova-i-petar-stojanovski-02.jpg

Нашата актерка Емра Куртишова, која се прослави со улогата на Исаура во серијата „Преспав“, на Инстаграм објави фотки од 4-месечната ќерка Лена и откри дека таа веќе имала можност да игра во нејзиниот прв филм.

„Првиот филм на Лена. Мала актерка“ – напиша Емра до фотките.

mala-glumica-kako-mama-i-tato-prvite-kadri-na-kjerkata-na-emra-kurtishova-i-petar-stojanovski-04.jpg

Инаку, во првиот кадар имаме можност да ја видиме Лена во рацете на нејзиниот татко, актерот Петар Стојановски, а во вториот кадар таа е потпрена врз голата кожа на нејзината мајка.

mala-glumica-kako-mama-i-tato-prvite-kadri-na-kjerkata-na-emra-kurtishova-i-petar-stojanovski-03.jpg

За потсетување, Емра за последен пат се појави во јавност на „Златна бубамара на популарноста“, каде имаше чест да му ја додели наградата за трајни вредности на пејачот Жељко Самарџиќ.

mala-glumica-kako-mama-i-tato-prvite-kadri-na-kjerkata-na-emra-kurtishova-i-petar-stojanovski-06.jpg

Таа во изминатиот период играше и во филмот за пејачот Џеј Рамадановски, насловен „Недеља“, а како што може да се види, наоѓа начин совршено да ги вклопи мајчинството и кариерата.

mala-glumica-kako-mama-i-tato-prvite-kadri-na-kjerkata-na-emra-kurtishova-i-petar-stojanovski-05.jpg

Прочитајте и Емра Куртишова: „Лена уште во стомакот реагираше на гласот на татко ѝ, а сега се топи кога тој ќе ѝ прозбори“

Б. С. Б. | Црнобело / фото: Инстаграм

Би можело да ве интересира:

Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Миа Костова гневна откако нејзиниот син бил жртва на врснички булинг - ѝ се обрати јавно на мајката ... „Андрија на училиште добил многу грозен коментар од дете од клас. Не од оние рег...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg