Забавно видео на Јелена Спенџарска за шопингот со мајките: „Не фаќај ништо, ќе треба да плаќаме ако скршиш“

„50 евра за скинати фармерки? Јас ќе ти ги скинам дома без пари!“ - Јелена Спенџарска долови неколку реални ситуации кога одите во шопинг со својата мајка. Дали ќе се препознаете во нив?

zabavno-video-na-jelena-spendjarska-za-shopingot-so-majkite-ne-fakjaj-nishto-kje-treba-da-plakjame-ako-skrshish-01.jpg

Водителката и инфлуенсерка Јелена Спенџарска на Инстаграм објави забавно видео и покажа како изгледа шопингот на тинејџерките кога одат со мајките.

Низ неколку реални ситуации, додека шета низ продавници, таа на интересен начин ги опиша скоро сите мајки и нивните деца:

„Што е ова?“

„Crop top“.

„А каде е другата половина? На пола цена е зашто другата пола ја нема?“

„Го сакаше овој фустан“, прашува таа, ја погледнува цената, па вели: „Чекај ги летните попусти“.

Кога оди во делот со лесно кршливи производи вели:

„Сега тука немој да фаќаш ништо. Ако го скршиш треба да плаќаме!“

zabavno-video-na-jelena-spendjarska-za-shopingot-so-majkite-ne-fakjaj-nishto-kje-treba-da-plakjame-ako-skrshish-02.jpg

„Мајката“ не се сложува ни со изборот на фармерки на ќерка си.

„50 евра за скинати фармерки? Јас ќе ти ги скинам дома без пари!“ - вели таа.

„Немој ни да си помислила да јадеме тука, храна има дома!“ - e уште една ситуација во која се нашол секој барем еднаш.

Нејзините следбеници се препознаа во скоро сите ситуации. Едни пишуваат дека токму вака изгледа кога ќе излезат до децата, други дека во срж го прикажала шопингот на мајките со децата.

„Ова со храната е врв“, „Не знам дали е наследно, порано мајка ми беше таква - денес сум јас“, ѝ коментираат на Јелена.

Погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Јелена Спенџарска на одмор на островот Џерба во Тунис со сестра си - позира со камили на плажа, се ц... „Поздрав од Џерба, мирно место со долги песочни плажи, идеална клима, луѓето кро...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...
Миа Костова гневна откако нејзиниот син бил жртва на врснички булинг - ѝ се обрати јавно на мајката ... „Андрија на училиште добил многу грозен коментар од дете од клас. Не од оние рег...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg