Запросување во стилот на „Убавицата и ѕверот“ - Ана од Кочани му кажа „да“ на саканиот Мартин

„Мартин го осмислил запросувањето од работи кои ни се важни на двајцата: во ресторанот кај што имавме прв состанок, во истиот час кога ме сликнал таа вечер, со букет од лалиња, со песна од ‘Убавицата и ѕверот’ и кристална роза во стаклено ѕвоно како во филмот“, вели Ана (21) за романтичното запросување.

zaprosuvanje-vo-stilot-na-ubavicata-i-dzverot-ana-od-kochani-mu-kazha-da-na-sakaniot-martin-01.jpg

Мартин Јованов (29) од Скопје ја запроси саканата Ана Накова (21) од Кочани во ресторанот во кој првпат биле на вечера, во точниот час кога првпат ја фотографирал.

За запросувањето да биде уште поромантично, Мартин вклучил и детали од „Убавицата и ѕверот“, првиот филм што го гледале заедно.

Тој целиот план го споделил со сопствениците на ресторанот, а тие му помогнале да го организира секој детаљ.

За совршеното изненадување, Ана раскажа за CRNOBELO.com:

„Во врска сме скоро една година, односно на 5-ти април ќе прославиме година заедно. Се запознавме на тренинг во кик-бокс клубот ‘Титан Про’.

Од самиот почеток на запознавањето и двајцата сме чувствувале дека сме еден за друг, а тоа си го раскажуваме секогаш откако сме официјално заедно.

zaprosuvanje-vo-stilot-na-ubavicata-i-dzverot-ana-od-kochani-mu-kazha-da-na-sakaniot-martin-06_copy.jpg

Неколкупати сме разговарале на темата запросување и Мартин секогаш од околу ми спомнуваше дека тоа ќе биде во текот на оваа година.

Очекував, искрено, дека ќе биде на денот кога ќе прославуваме една година заедно.

Пред една година бевме излезени во ресторан на истиот датум на кој ме запроси. Мислам дека уште тогаш, кога седевме на тоа место, бевме сигурни дека ќе сме заедно.

А поради фактот дека таму ни се случило најубавото излегување, Мартин одлучил да ме запроси таму.

zaprosuvanje-vo-stilot-na-ubavicata-i-dzverot-ana-od-kochani-mu-kazha-da-na-sakaniot-martin-04.jpg

Тој е романтичен, таков бил секогаш. На почетокот, првото цвеќе кое ми го подари беа лалиња, првиот филм што го изгледавме заедно беше ‘Убавицата и ѕверот’.

Од сите овие работи тој успеал да го ‘склопи’ запросувањето - да биде во истиот ресторан, во истиот час кога ме сликнал таа вечер, во 22:05 часот, со букет од лалиња, со песната од ‘Убавицата и ѕверот’ и кристална роза во стаклено ѕвоно како во приказната од филмот.

zaprosuvanje-vo-stilot-na-ubavicata-i-dzverot-ana-od-kochani-mu-kazha-da-na-sakaniot-martin-03.jpg

Прстенот сме го избрале заедно, без јас да знам. Пред неколку месеци бевме во златара за да купиме подарок за роденден на наши блиски и таму имаше преубави прстени. Тој на шега ме натера да пробам и да кажам кој најмногу ми се допаѓа.

По излегувањето од златарницата скришум му пишал порака на сопственикот за да го сочува тој прстен.

zaprosuvanje-vo-stilot-na-ubavicata-i-dzverot-ana-od-kochani-mu-kazha-da-na-sakaniot-martin-05.jpg

Пред некое време ја контактирал сопственичката на ресторанот и таа му помогнала најмногу во реализацијата на целата идеја. Ова ќе биде незаборавен ден за мене и за сите присутни таму.

Интересно е што додека сме седеле на масата, вработените во ресторанот зад мене кренале огромен лист за тој да го види и да му потврдат дека сè е наместено, а со огромни букви и бројки пишувало ‘22:05 ПЕСНАТА’.

Меѓутоа јас од тоа ништо не забележав.

zaprosuvanje-vo-stilot-na-ubavicata-i-dzverot-ana-od-kochani-mu-kazha-da-na-sakaniot-martin-02.jpg

Во еден момент ја пуштија песната од ‘Убавицата и ѕверот’ и во момент на убави сеќавања му спомнав дека тоа е нашата песна. Мартин во истиот момент стана и ме праша дали сакам да му бидам сопруга.

Бев збунета, но воедно и пресреќна што се случува токму на тоа место и со нашата песна.

Од збунетост веднаш испружив рака да го земам сама прстенот, но тој во истиот момент сам ми го намести на раката.

Тогаш се вклучи и целиот тим од ресторанот, ги донесоа останатите подароци, правеа снимки и видеа. Гостите беа однапред организирани од страна на ресторанот кога треба да станат и да аплаудираат, имаше безброј честитки“.

zaprosuvanje-vo-stilot-na-ubavicata-i-dzverot-ana-od-kochani-mu-kazha-da-na-sakaniot-martin-07.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. 

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мешана салата - 340 денари, шопска - 360 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2023-та? Во Охрид годинава во еден ресторан мешаната салата чини 340 денари, а шопската 3...
Јован Јованов ужива во Куба – да одмори од студената Канада (фото) Кога не е работно ангажиран во Канада и не е на посета во родната Македонија, Јо...
„Дај на сунце“ – Новата песна на Каролина Гочева за еден час по објавувањето ја освои публиката „Магична како и секогаш“ – стои во дел од коментарите под новиот видео спот на К...
Наша докторка со впечатлив моден стил (фото) „Прво модно правило ми е – ‘Секогаш средена’. Без разлика дали одам на работа, д...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg