Браво народе! Парите за машина за дишење за малата Искра се собрани за помалку од 24 часа

Доказ дека македонскиот народ е хуман и се крева на нозе кога треба да се помогне! Средствата за да се купи мобилен респиратор, за 1 и пол годишната Искра да може да земе здив надвор од болница, се собрани за помалку од 24 часа! 

bravo-narode-parite-za-mashina-za-dishenje-za-malata-iskra-se-sobrani-za-pomalku-od-24-chasa-01.jpg

На 26 март, докторот Ненад Лазаров на својот Фејсбук профил објави апел за 1 и пол годишната Искра, во кој напиша дека се пријавил анонимен донатор кој ќе плати поголем дел од средствата, а откако исконтактирал со таткото на девојчето, направена е и официјална кампања за собирање средства на платформата ECrowd.mk.

Едит2: Еве ја кампањата, ве молам споделувајте и да донираме...

Posted by Nenad Lazarov on Tuesday, March 26, 2024

Станува збор за 17-месечната Искра која е родена со спинална мускулна атрофија – Тип 1, а таа не може да дише слободно, бидејќи е на респиратор од раѓање.

Приказната за ова девојче навистина допира длабоко и никого не би оставила рамнодушен – таа никогаш не пробала храна и се храни преку назогастрична сонда, имала 6 операции на срценцето, а двата респиратори кои досега ги користела за да може да дише и живее, откажале.

bravo-narode-parite-za-mashina-za-dishenje-za-malata-iskra-se-sobrani-za-pomalku-od-24-chasa-02.jpgфото: ECrowd.mk

Целта на кампањата беше да се соберат средства за да се купи мобилен респиратор со кој малата Искра ќе може да ја напушти болницата каде моментално престојува.

Кампањата за собирање средства за Искра вирално се прошири на социјалните мрежи во текот на вчерашниот ден, а како резултат на тоа и на хуманиот македонски народ кој се крена на нозе, за помалку од 24 часа се собраа потребните 600.000 денари.

bravo-narode-parite-za-mashina-za-dishenje-za-malata-iskra-se-sobrani-za-pomalku-od-24-chasa-03.jpg

Во описот на кампањата на ECrowd пишува:

Искра не знае што значи да дишеш слободно, со полни гради бидејќи е на респиратор од раѓање,и не може да живее без него. Искра никогаш во животот нема вкусено храна, бидејќи се храни со назогастрична сонда која и влегува преку носето.

Нејзината приказна ќе го скрши и најтврдокорното срце: имала 6 операции на нејзиното мало срценце досега, една од нив и на дијафрагмата, со цел да се дијагностицира состојбата, но оваа болест е толку ретка, што ваквите генетски тестови кај нас ги има само во МАНУ, но проблемот со ретките болести е што треба некој да ги препознае за да знае да упати каков тест да се направи.

Малата Искра имала среќа, во белградскиот педијатар кој работел во Систина и кој во неможноста Искра да ги движи рачињата ја препознал болеста и ги упатил на тестирање. Искра никогаш не земала воздух, и не може да дише без респиратор, а знаеме каква е ситуацијата за респиратори кај нас: таа користела респиратор од петгодишниот Петар, кој за жал починал, и неговите родители го предале за Искра.

За жал, респираторот откажал пред 5 дена, на 22 март, по што Искра била транспортирана на Клиниката за детски болести, но и таму откажал респираторот, и сега е Искра во Систина, во исчекување да и помогнеме да се купи мобилен респиратор.

Не постои цена за да може Искра да земе здив, ние од Ecrowd medical, во име на таткото Гоце Трајковски Ве молиме да одвоите колку што имате за да се спаси овај мало, невино детенце, кое веќе видело многу страдање во својот краток живот.

Докторот Лазаров, кој е дел од тимот на ECrowd, утрово (27.03.2024) на својот Фејсбук профил напиша:

Македонијо моја, луѓе драги, парите за машината за дишење на Искра ги собравме за помалку од 24 часа! Добро утро.

bravo-narode-parite-za-mashina-za-dishenje-za-malata-iskra-se-sobrani-za-pomalku-od-24-chasa-04.jpgфото: depositphotos.com

Моментално, на ECrowd има активна кампања и за Дијана, за која се собираат средства за да не го загуби видот, а на Фејсбук профилот на платформата споделија дека таа сакала да стане волонтер и да помогне колку што може, поттикната од кампањата на Искра. 

Дијана има тежнато движење заради нарушување на центарот за рамнотежа како последица на агресивната болест. И Дијана се приклучува да ѝ помогне на малецката Искра, бидејќи разбира дека душичето се бори за секој здив. Понесена и самата од ова што го направивме за Искра, Дијана посака да стане наш волонтер, онолку колку може во сегашната ситуација, и поактивно штом ѝ се подобри здравствената состојба.

bravo-narode-parite-za-mashina-za-dishenje-za-malata-iskra-se-sobrani-za-pomalku-od-24-chasa-05_copy.jpg

Поттикнати од пораката на новата иницијатива на Македонски Телеком „Да направиме место за вистински да се поврземе“, којашто поттикнува отвореност и меѓусебно разбирање, за што говореше и Горан Стефановски, редакцијата на CRNOBELO.com ќе направи повеќе место за добри вести и приказни кои инспирираат.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...
Кристина Димитри по јавните критики на нејзина сметка: „Поминав низ пекол, јас сум и мајка и татко н... „Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се б...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Миа Костова гневна откако нејзиниот син бил жртва на врснички булинг - ѝ се обрати јавно на мајката ... „Андрија на училиште добил многу грозен коментар од дете од клас. Не од оние рег...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg