Модната дизајнерка Ивана Кнез го прослави роденденот: „Успех ми е што престанав да пијам кафе и алкохол“

„Престанав да пијам алкохол и кафе, не јадам бел шеќер и бело брашно. Ми остана да научам дисциплина, да создадам навика за вежбање, да не го држам тоа што не сака да биде покрај мене“ – дизајнерката Ивана Кнез го одбележа 39-тиот роденден со торта на која пишува „Стара за Леонардо ди Каприо“.

modnata-dizajnerka-ivana-knez-go-proslavi-rodendenot-uspeh-mi-e-shto-prestanav-da-pijam-kafe-i-alkohol-01.jpg

Нашата позната модна дизајнерка Ивана Кнез вчера (02.04) го прослави својот 39-ти роденден. Со торта без шеќер и глутен и забавен натпис, таа го одбележа важниот ден, а на Инстаграм сподели повеќе објави.

На Инстаграм Стори Ивана ги напиша малите успеси што ги постигнала во текот на изминатата година, како и тоа што допрва треба да го научи.

modnata-dizajnerka-ivana-knez-go-proslavi-rodendenot-uspeh-mi-e-shto-prestanav-da-pijam-kafe-i-alkohol-02.jpg

Таа се фотографираше со лалиња и до фотографијата упати емотивна порака до своите следбеници и обожаватели.

„До 39 научив дека тоа што вреди не се купува со пари, дека ништо на светот не може да замени прегратка под ѕвездено небо, дека љубов постои само ако ѝ дозволиш да дојде, дека животов не брои години туку мигови заробени во сеќавања, мигови кои го прават вреден да се живее секој ден како да е последен.

Најголемото клише е најголема вистина, среќата е во малите работи кои почнав себично да ги споделувам со шака луѓе за кои ја давам душата.

Здравјето е единствена желба која ја имам овој пат.

Колку побрзо се вратиме назад и сфатиме дека од лајкови не се живее, туку од прегратки, од бакнежи, сочувство, мириси, вкусови и бои толку побрзо ќе останеме помлади.

Му благодарам на универзумот што ми подари совршен живот досега, со огромни тумби румби кои ме направија ова што сум. Дишам љубов заедно со сите вас, ве љубам со цело мое срце“ – порача Ивана.

modnata-dizajnerka-ivana-knez-go-proslavi-rodendenot-uspeh-mi-e-shto-prestanav-da-pijam-kafe-i-alkohol-03.jpg

Инаку, во духот на нејзиниот нов и здрав начин на живот, Ивана сподели фотографија од роденденската торта со која го одбележала важниот ден.

Станува збор за торта без шеќер и брашно, на која стои натписот „Премногу стара за Леонардо ди Каприо“ (Too old for Leo Di Caprio).

modnata-dizajnerka-ivana-knez-go-proslavi-rodendenot-uspeh-mi-e-shto-prestanav-da-pijam-kafe-i-alkohol-04.jpg

modnata-dizajnerka-ivana-knez-go-proslavi-rodendenot-uspeh-mi-e-shto-prestanav-da-pijam-kafe-i-alkohol-05.jpg

Инаку, Ивана денес треба да има своја модна ревија во рамки на Skopje Fashion Festival, а во последната објава рече дека чувствува трема пред големиот настан.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Миро Кацаров ја направи првата од двете свадби: „Ивана носеше фустан како Северина, од црква отидовм... „Со Ивана се венчавме во една од најубавите цркви во Скопје, Св. Јован Крстител ...
Ивана Кнез се пожали какви коментари добива: „Мора да е боцкана, има ставено уста, нема шанси да нем... „Мит: Mора да е бар малку боцкана, ставана ѝ е уста, шанса нема да е природна. Ф...
Антониа Гиговска објави први фотки со синот Киан: „Ми докажа за што вреди да живееш“ „Сакавме малку моменти за нас, па решивме денес официјално да ве поздравиме. Вче...
Тијана Дапчевиќ со сопругот и синот на свадба во Скопје, друштво им правеа Тамара Тодевска и мајка и... „Сите сте убави и имате заразна насмевка“ – коментираат дел од следбениците на с...
Катарина, сопругата на фудбалерот Давид Бабунски, емотивна за 1-иот роденден на ќерката: „Знаев дека... „Среќен прв роденден животу мајкин. Се сеќавам, како да беше вчера кога ми те сп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg