Реновирани Телеком продавниците во Штип и Кичево

Продавниците нудат интерактивен продажен концепт со мултимедијално искуство за корисниците.

renovirani-telekom-prodavnicite-vo-stip-i-kicevo-01.jpg

Македонски Телеком денеска ја пушти во употреба реновираната продавница во Штип, којашто нуди атрактивен, модерен и пред сè пријатен амбиент за корисниците . Со реновирањето Телеком продавницата доби сосем нов современ дизајн, а при уредувањето на внатрешноста е пренесен локалниот дух преку прикажување на историски моменти, објекти, личности или современи мотиви карактеристични за поднебјето, односно градот.

Освен во Штип, Македонски Телеком вчера ја отвори и реновираната продавница во Кичево. Телеком продавниците во Штип и Кичево после реновирањето овозможуваат одличен преглед на понудата и нудат нов интерактивен продажен концепт со мултимедијално искуство за корисниците. Целта на овој концепт е компанијата да се доближи до корисниците, коишто преку интерактивно истражување и забава ќе можат да се запознаат со комуникациските услуги и решенија на Македонски Телеком.

На денот на отворањето на реновираните Телеком продавници во Штип и Кичево, компанијата подготви одлична промотивна понуда при што секој корисник којшто потпиша нов или го обнови својот претплатнички договор, имаше можност да купи таблет од брендот Леново и Самсунг со попуст од неверојатни 60 отсто.

Би можело да ве интересира:

Аделина Тахири на Рамазан Бајрам во Дубаи, модно усогласена со сопругот и синот Аделина Тахири по подолго време објави фотографија со сопругот и синот и од Дуба...
Македонската режисерка Тамара Котевска блесна на Филмскиот фестивал во Венеција – позира и со Амал К... На настан во склоп на 80-тото издание на Филмскиот фестивал во Венеција Тамара К...
Сатја Грабулоски меѓу 50 највлијателни луѓе на Балканот: Македонскиот дизајнер во друштво на Новак Ѓ... Македонскиот дизајнер на патики, Сатја Грабулоски, е меѓу 50 највлијателни луѓе ...
Миа Костова споделува исповед на очајна мајка од Македонија: „Син ми го гушеле, па доби бокс на учил... „Веќе се прашувам и сфаќам дека погрешно сум го воспитала својот 12-годишен син ...
Почина легендарниот македонски композитор Кире Костов „Лесно ти небо маестро“ - напиша Игор Џамбазов во објавата на Инстаграм Стори со...
Малиот Јосиф и мама Ирина Дишовска се дома - прва фотка од Павле Камилоски со синот Ирина Дишовска, која имаше навистина активна бременост, сега веќе е дома, а музи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg