Официјално: Која е најдобрата емисија во Македонија? (видео)

И официјално - најгледаното македонско ток-шоу „Еден на Еден“, се закити со уште една Златна Бубамара за забавна емисија на годината.

oficijalno-koja-e-najdobrata-emisija-vo-makedonija-01.jpg

Наградата на Жаре му ја предаде актерот Горан Стојановски попознат како Џемо Биљбиљ, а кога истиот побара нешто за возврат, Жаре извади оригинален Еден на Еден блузон.

oficijalno-koja-e-najdobrata-emisija-vo-makedonija-1.jpg

“Премногу ни значи кога ќе не пофалат на улица, преку меил, во инбокс или каде и да е. Кога ќе ни речат – дечки најдобри сте! Но, секако ни значи кога тоа ќе го чуеме и од најрелевантната манифестација овие 20 години, Златна Бубамара На Популарноста. Благодариме на публиката и на целата екипа која работи на емисијата” – изјави Жаре, авторот и водител на шоуто кое веќе осум сезони е прв ТВ избор на гледачите.

oficijalno-koja-e-najdobrata-emisija-vo-makedonija-2.jpg

Во последната „Еден на Еден“ епизода гостуваа токму Атанас и Тино, дел од водителите на Бубамара. Освен за престижната манифестација зборуваа и за своите почетоци, за тоа како се запознале, за дружбата со поискусните актери, но играа и „Безобразни карти“, рапуваа на хелиум и генерално направија одлично шоу со Жаре! Доколку не ја гледавте епизодата на Телма, еве ја и јутјуб верзијата. Во неа ќе ги видите и фантастичните реге тетовчани Conquering Lion, Скопје Смог Аларм и младиот тријатлонец Давид Мијалов. Уживајте!

Би можело да ве интересира:

Враќањето на Сашко Коцев и Врчак пречекано со овации - Како си поминавме на Златна Бубамара '24? Сашко Коцев по една година се врати на сцената на „Бубамара“ и откри се сликал з...
Тина од Скопје со трогателна објава: „Бев дете, стоев на балконот од нашиот стан на Рекорд и ја глед... „Бев дете, 3 години, стоев на балконот од нашиот стан на Рекорд и секогаш вниман...
Денес се слават светите Кузман и Дамјан, заштитници на лекарите - Што не треба да правите на овој де... Светите браќа целиот свој живот го посветиле на лекување на луѓето, а не барале ...
Маја Гугоска е креативна охриѓанка која прави совршени новогодишни колачиња и декорации „Нема шанси ако нешто сум видела и ми привлекло внимание да не го пробам. Колачи...
„Дама се раѓа, браво девојко“ – Нашата Барбара Поповиќ го воодушеви регионот со настап во српско муз... „Е, ова е пример како треба да изгледа и звучи пејачка. Значи можело да изгледа ...
Почина Драги Шпага - првиот победник во македонско реално шоу Драги Христов, попознат како Драги Шпага почина на 52 години по кратко и тешко б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg