Македонското кредитно биро ви овозможува постојан увид во вашата финансиска состојба за полесно и попаметно управување со вашите финансиски средства

Основна функција на кредитното биро е да врши собирање и обработување на податоци за обврските на субјектите на податоци со цел да обезбеди извештаи за задолженоста и редовноста во исполнувањето на обврските на правните и физичките лица.

makedonskoto-kreditno-biro-vi-ovozmozuva-postojan-uvid-vo-vasata-finansiska-sostojba-za-polesno-i-popametno-upravuvanje-so-vasite-finansiski-sredstva-01.jpg

МКБ управува со најголемата и најкомплексна база на податоци за обврските на правните и физичките лица во Република Македонија. Содржи податоци за околу 1.350.000 физички лица и 105.000 правни лица. Податоците се однесуваат на обврски по кредити, гаранции, акредитиви, заеми, платежни картички, финансиски лизинг, осигурување, обврски по основ на даноци, обврски за телекомуникациски услуги, обврски за услуги од областа на енергетиката, комунални давачки, такси, придонеси, како и обврски по основ на користење на други услуги.

Една од услугите кои ги нуди МКБ е услугата “Сопствен извештај“ кој на корисниците им нуди на располагање извештаи со податоци за нивните финансиски обврски. Сопствен извештај може да побара секое физичко лице лично за себе, неограничен број пати и на тој начин да се информира за неговите лични обврски и нивно полесно менаџирање. Истиот може да го преземе во канцелариите на кредитното биро на адреса бул. Кузман Јосифовски Питу бр.1 (Комплекс банки) на V кат и онлајн со регистрација на интернет порталот МОЈ.МКБ.

makedonskoto-kreditno-biro-vi-ovozmozuva-postojan-uvid-vo-vasata-finansiska-sostojba-za-polesno-i-popametno-upravuvanje-so-vasite-finansiski-sredstva-02.jpg

Друга корисна услуга на МКБ, наменета за физичките лица е АСИС (Алармен систем за известување на субјекти). АСИС е нова иновативна онлајн услуга на МКБ, која им овозможува на субјектите да примаат пораки по пат на електронска пошта за состојбата и промените на нивните обрски во нивното лично портфолио (досие).

Промотивно во текот на месец мај, претплатете се на АСИС на 3, 6 или 12 месеци за да бидете редовно информирани за сите промени во Вашето должничко портфолио (досие) и добијте гратис Сопствен извештај.

Повеќе информации на контакт телефонот +389 (0)2 3251-291 или нa веб страната www.mkb.mk.

makedonskoto-kreditno-biro-vi-ovozmozuva-postojan-uvid-vo-vasata-finansiska-sostojba-za-polesno-i-popametno-upravuvanje-so-vasite-finansiski-sredstva-03.png

Би можело да ве интересира:

Лепче со паричка се крши за Василица, а не за Бадник - Зошто? Лепче со паричка се крши за Василица или за Бадник? Ова е прашање за коешто се д...
14-годишните Ана и Ивона од Радовиш помагаат на лица со посебни потреби: „Научивме дека секој може д... „Со нас работат и волонтираат и лица со посебни потреби. Со тоа научивме дека се...
„Каде на одмор?“ - Шминкерката Фрози Фран и пријателките со оригинална првопарилска маска „Уникатни, секоја чест“ – стои во коментарите до фотките со уникатната маска што...
Македонката Бетика како ледена кралица на Вевчанскиот карневал: „13 години ти се враќам мое мило Вев... „Мое Вевчани… Ти се вратив дури и од Лапонија, ти се враќам секоја година, пак и...
Оштетени магистрални оптички кабли на Телеком на повеќе локации Ги известуваме корисниците дека утрово беа оштетени главни магистрални оптички к...
Милица Ризо Трајков за настапот во Ѕвездите на Гранд: „Овој круг беше многу напнат, повторно имав др... „Осмина финале е и жирито беше со многу построги критериуми, што е нормално зато...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg