Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Наша докторка за нејзината борба со ракот на дојка: „Болеста ме научи дека секогаш треба да ги слушаме знаците на телото“

„Мене веќе не ме воодушевува ништо материјално, ништо што може да се купи со пари. Потребно е да, но не и доволно. Среќата и љубовта од најблиските е тоа што ме воодушевува. Кога си на хемотерапија, деновите кога се чувствуваш добро се најубави“ – вели нашата докторка Марија Бунда Калпак која веќе една година се бори со рак на дојка, а по повод месецот за подигнување на свесноста за рак на дојка упати моќна порака до сите девојки и жени.

nasha-doktorka-za-borbata-so-rak-na-dojka-ne-me-voodushevuva-nishto-shto-mozhe-da-se-kupi-so-pari-denovite-koga-se-chuvstvuvam-dobro-se-neprocenlivi-01.jpg

Нашата докторка Марија Бунда Калпак во изминатиот период отворено говореше за сопствената борба со ракот на дојка, а деновиве сподели нови објави на Инстаграм со кои се обидува да ја подигне свеста кај девојките и жените за важноста за самопрегледи.

Таа неодамна објави фотографии на кои е заедно со двете ќерки, а до нив накратко напиша:

„Кога си на третман (хемо), деновите кога се чувствуваш добро се најубави и непроценливи. Колку убавина во овој свет само да уживаме во сега и денес. Тоа е најбитно и најголема среќа.“

View this post on Instagram

A post shared by Marija B.Kalpak (@dr.marijabunda)

Младата докторка на возраст од само 28 години ја добила дијагнозата за рак на дојка и веќе една година редовно споделува објави со коишто сака да ја поткрене свеста за болеста, но и да ги охрабри сите жени што се борат со оваа болест да знаат дека не се сами.

nasha-doktorka-za-borbata-so-rak-na-dojka-ne-me-voodushevuva-nishto-shto-mozhe-da-se-kupi-so-pari-denovite-koga-se-chuvstvuvam-dobro-se-neprocenlivi-02.jpg.jpg

Со насмевка на лицето, храбро, Марија јавно ја војува најтешката битка. Покрај поголемиот број објави на Инстаграм, таа, како жена која се соочува со оваа болест, но и како лекар остави подолга порака до сите девојки и жени по повод месецот за подигнување на свесноста за рак на дојка.

nasha-doktorka-za-borbata-so-rak-na-dojka-ne-me-voodushevuva-nishto-shto-mozhe-da-se-kupi-so-pari-denovite-koga-se-chuvstvuvam-dobro-se-neprocenlivi-03.jpg.jpg

„Октомври е месецот посветен на подигнување на свесноста за рак на дојка.

До сите девојки, жени - еднаш месечно правете си само преглед. Човековото тело е чудо, мислам дека не сме ни свесни колку сме силни и моќни. Ако нешто ова ме научи е дека треба да ги слушаме знаците на телото, пред да биде прекасно.

Да застанеме во тишина и вистина да слушнеме. Животот е многу брз и неосетно секојдневието нè завлекува, исцрпува, изморува. Мора да имаме механизам на справување, на враќање на мирот и среќата.  Мислам дека почесто треба да сме сами со себе, во природа, гледајќи го зајдисонцето. а си дадеме време за нас за нас. Вежбајте, правете тоа што ја храни душата, бидете со тие што ги сакате.

Мене веќе не ме воодушевува ништо материјално, ништо што може да се купи со пари. Потребно е да, но не и доволно. Среќата и љубовта од најблиските е тоа што ме воодушевува, откривањето нови места и сонцето, цвеќињата, зеленилото, плавото небо и ѕвездите навечер. Мислам дека има многу работи за кои треба да сме благодарни, нешта што ни се случиле и што допрва ќе ни се случат. Но, најбитно од сѐ e да сме благодарни што сме тука, сега и овде и што ја имаме привилегијата да го живееме овој прекрасен живот“ – напиша таа.

Прочитајте и Наша докторка со емотивна исповед: „Ова е 2 недели по првата хемотерапија, тоа беа најстрашните денови во мојот живот“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...
Антониа Гиговска објави први фотки со синот Киан: „Ми докажа за што вреди да живееш“ „Сакавме малку моменти за нас, па решивме денес официјално да ве поздравиме. Вче...
Доктор Митов: „Во рака ми е првиот леб што сум го направил - баш каков што го сака жена ми“ „Природата нѐ учи на многу работи, но пред сѐ мислам дека нѐ учи на трпение. И п...
„Жена се сака секој ден“ - Нова доза моќни пораки од Бомбакис, дечкото со написи на картони „Не е сè така розово како што изгледа на Инстаграм“, „Довербата е луксуз во дене...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg