Македонска инфлуенсерка коментира: „Луѓето кои хејтаат се несреќни и неисполнети, мислат дека само се сликаме“

„Најверојатно дел од луѓето ја гледаат како професија за малoумни луѓе, незахтевна и лесна. Никој не ме гледа мене во позадина низ што поминувам и што правам. Не би се согласила дека оваа професија е незахтевна, лесна и дека ние „само се сликаме“ – вели инфлуенсерката Александра Трпеска во своето отворено писмо, инспирирана од кампањата на Кјара Ферањи и критиките кон инфлуенсерството во Македонија. 

makedonka-za-kampanjata-na-kjara-feranji-lugjeto-koi-hejtaat-se-srekjni-i-neispolneti-mislat-deka-samo-se-slikame-01.jpg

Најпознатата италијанска инфлуенсерка Кјара Ферањи со четири различни фустани на фестивалот Сан Ремо во Италија упати силна порака до целиот свет, против говорот на омраза, насилството и родовата нееднаквост.

Фустанот кој е посветен на говорот на омраза на социјалните мрежи, привлече особено внимание кај инфлуенсерките и блогерките низ целиот свет.

Со црни бисери на бело платно беа извезени навредите и критиките што Кјара ги добила на својот Инстаграм профил, а коишто се поврзани со нејзиното тело.

makedonka-za-kampanjata-na-kjara-feranji-lugjeto-koi-hejtaat-se-srekjni-i-neispolneti-mislat-deka-samo-se-slikame-02.jpg

Писмото до себеси, што таа го прочита за време на Сан Ремо, инспирираше некои од македонските Инстаграм блогерки и инфлуенсерки да напишат слично писмо во кое споделуваат што значи да се биде инфлуенсер во Македонија.

makedonka-za-kampanjata-na-kjara-feranji-lugjeto-koi-hejtaat-se-srekjni-i-neispolneti-mislat-deka-samo-se-slikame-03.jpg

Александра Трпеска е македонска Инстаграм блогерка, која е попозната по нејзиниот профил majestic.at, а на Инстаграм Стори објави подолго отворено писмо, инспирирано од кампањата на Кјара:

„Јас сум човек што не сака да се објаснува зошто и како, особено после толку време во етерот, но новата кампања на Кјара Ферањи ме натера да напишам збор, два...

За инфлуенсерството и луѓето кои го хејтаат тоа.

Зошто? Најверојатно ќе сфатиме на крајот.

Мене лично оваа професија ме направи човек со поотворени видици, ми овозможи многу нешта за кои не сум ни замислувала, ми овозможи едукација за многу различни теми, ме натера да бидам почовечна, посвесна, похумана, итн.

Јас од ова не научив ништо лошо – да запомниме.

Но, како и јас, така и сите други, сме луѓе и грешиме некогаш. Никој не е безгрешен и никој не е безгрижен овде.

makedonka-za-kampanjata-na-kjara-feranji-lugjeto-koi-hejtaat-se-srekjni-i-neispolneti-mislat-deka-samo-se-slikame-04.jpg

Најверојатно дел од луѓето ја гледаат како професија за малоумни луѓе, незахтевна и лесна, но зошто?

Никој не ме гледа мене во позадина низ што поминувам и што правам, дали читам и се надоградувам, колку бизнис преговори имам направено, со колку луѓе се раздвојуваш... Или колку имам дел од себе дадено за креативниот аспект на брендовите... Може да продолжам да набројувам.

Баш напротив, не би се согласила дека оваа професија е незахтевна, лесна и дека ние „само се сликаме“.

Пробај да го издржиш ова темпо.

Да не го заборавиме психичкиот товар кој го носиш, зошто, нели не смееш да згрешиш. Грешките се за сите други, освен за нас.

Навредите, трачевите... ехеее!

makedonka-za-kampanjata-na-kjara-feranji-lugjeto-koi-hejtaat-se-srekjni-i-neispolneti-mislat-deka-samo-se-slikame-05.jpg

Сега може ќе си речете „епа зошто го работиш ова ако не сакаш“ или „што се жалиш ако знаеш дека е така“, но јас не само што сакам, туку и уживам во ова.

Не се жалам, баш напротив, сакам да ви доловам дека убавината на животот е во правење на тоа што најмногу ве исполнува без разлика кој што кажал, и дека секоја пречка која животот ви ја дава – ви ја дава за да ја надминете и станете подобар човек.

Луѓе кои хејтаат било каква професија се луѓе кои се несреќни и неисполнети, седнати позади тастатура и го истураат гневот врз другите“ – напиша меѓу другото таа.

Инаку, на YouTube модната куќа Dior објави видео од тоа како изгледала изработката на зборовите на фустанот на Кјара.

Погледнете го во продолжение:

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Кристина Димитри за новиот дечко: „Се запознавме во Белград, секое утро ме буди со кафе и појадок“ „Се запознавме во Белград. Ме привлече со неговиот изглед, за мене тој е најубав...
Миа Костова - смртта на баба ѝ, Агнеса Органџиева - злобните коментари за разводот: Што ги повредило... „Најсилно допре до мене смртта на баба ми пред неколку години. И бев свесна дека...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg