10 ретро филмови што ќе ве потсетат на поубави времиња

Casper, Fluberr и The Flitstones се само дел од филмовите што ги гледавме пред две децении, па и повеќе, и секогаш имаат моќ да измамат насмевка на нашето лице. 

10-retro-filmovi-shto-kje-ve-potsetat-na-poubavi-vreminja-01.jpg

Од аспект на квалитет, дел од овие филмови не би поминале добро кај критичарите.

Но, забавните и едноставни приказни, како и авантурите на главните ликови, можат да нè вратат во минатото, во некои поубави времиња.

Ретро филмови кои ќе ве потсетат на безгрижното детство:

Dennis the Menace

Малиот Денис е познат како најголемиот бељаџија во соседството. Па, кога неговите родители мораат да одат на службено патување, никој од соседите ене се нафаќа да се грижи за него.

Освен еден стар брачен пар…

101 Dalmatians

Веруваме дека приказната веќе ви е добро позната – злобната Круела де Вил се обидува да украде многу кученца, само за да си направи бунда од нивното крзно.

Flubber

Веројатно нема филм со Робин Вилијамс кој не може да ни го подобри расположението.

Во Flubber, тој глуми научник кој се обидува да најде нов извор на енергија и сосема случајно создава необична супстанца.

Но, се чини дека супстанцата која наликува на гума не е воопшто лесна за контролирање.

The Flintstones

Снимен според истоимената популарна анимирана серија, овој забавен филм се фокусира на семејството кое кај нас е познато како Каменковци.

Тие живеат во модернизирано камено време и се соочуваат со проблеми како и секој модерен човек.

Casper

Експертот за паранормални појави Џејмс Харви е најмен од жена за да ги истера духовите од нејзината куќа.

Но, ќерка му набрзо се спријателува со еден од духовите.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg