Филмски викенд: Топ 10 филмови со Пол Вокер

Славниот актер Пол Вокер, кој за жал прерано загина во сообраќајна несреќа, најмногу се прослави по својата улога на Брајан О` Конор во филмот „Брзи и бесни“ каде глумеше со Вин Дизел.

top-10-filmovi-so-paul-walker-01

Филм кој е снимен во 6 дела, а токму овој период се снимаше и седмиот дел, каде Брајан загинува, речиси исто како и во реалниот живот. Но, ова не е единствениот филм во кој глуми Пол Вокер.

Тој својата актерска кариера ја има започнато уште како дете во 80-тите години, а во текот на 25 годишна кариера бил дел од многу актерски екипи.

Издвојуваме топ 10 филмови каде глуми Пол Вокер:

1. Eight Below

Брутално студена зима ги начекува двајца истражувачи на Антартикот, кои постојано се во друштво на 8 кучиња хаски, кои треба или да ги остават или да им помогнат да преживеат. Возбудлива снежна авантура.


2. Noel

Пет млади њујоркшани доаѓаат заедно на Божиќ за да бараат некое чудо. Романтична драма соодветна за празниците.


3. Joy Ride

Тројца млади патуваат од Колорадо до Њу Џерси и зборуваат со еден камионџија, но мора да избегаат откако ќе дознаат дека тој е психички растроен убиец.


4. Pleasantville

Двајца тинејџери во деведесеттите се наоѓаат во сцена од педесеттите каде нивното влијание почнува да го менува светот.


5. The Skulls

Во еден колеџ има тајна организација како секта во која најчесто се зачленуваат децата од средната класа и изведуваат чудни ритуали за да станат дел од т.н. Черепи.


6. She’s all that

Романтична тинејџерска комедија која се случува во едно средно училиште каде преку шеги за една навидум непривлечна девојка, се заљубуваат двајца во неа и станува најпосакувана.


7. Into the blue

Акциона драма која се одвива на Бахамите кога два пара изнајмуваат куќа и брод со кој пловат. Еден ден наоѓаат урнат авион со голема количина кокаин итогаш настанува целата драма околу следниот чекор што ќе треба да го преземат. Партнерка на Пол Вокер овде е преубавата Џесика Алба.


8. Flags of fathers

Дејство сместено во Втората светска војна кога шест момчиња се обидуваат да го подигнат американското знаме на островот Ијоџима и последиците од таа битка во нивните животи.


9. Hours

Силна драма сместена во филмски трилер во време на ураганот Катрина кога Пол Вокер е во улога ан татко кому му се раѓа ќерка која не се знае дали ќе преживее во болница на која ѝ се заканува удар од ураганот.


10. Fast and Furious

Двајца момци се во главна улога, Пол Вокер и Вин Дизел, кои се страсни вљубеници во брзите и бесни трки со спортски автомобили и постојано учествуваат во нив, справувајќи се со разни акции, предизвици, забрани, несреќи. Возбудлив филм во 6 дела кои сигурно ќе ви го зголеми адреналинот.

Би можело да ве интересира:

Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
Мајката има 29, а синот 28 години – Филмови и серии во кои возрасната разлика на актерите е нелогичн... Сигурно знаете дека во историската драма Alexander, Анџелина Џоли ја глуми Олимп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg