На Пикбокс премиерно доаѓа Бул, серија инспирирана од д-р Фил

Сите оние што барем еднаш во животот фрлиле око на популарното „Шоу на Опра“ кое ги обработуваше сите возможни и невозможни проблеми на денешницата, слушнале за д-р Фил. Тип со мустачиња, остроумен, со паметни совети и со стратегија за решавање на проблемите – сигурно го знаете.

na-pickbox-premierno-doaga-bul-serija-inspirirana-od-dr-fil-1.jpg

ЦБС сними серија за него, и тоа за кариерата пред онаа кога стана ѕвезда на „ток-шоу“, а таа серија токму сега доаѓа на Пикбокс. „Бул“ можете ексклузивно да ја следите од 21.9., само по 24 часа од премиерното прикажување за американската публика, а во главната улога не е никој друг туку ѕвездата на „Нејви-ЦИС“, Мајкл Ветерли.

Кариерата на д-р Фил пред „Шоуто на Опра“

Мајкл Ветерли повеќе не е агентот Тони Динозо од серијата „Нејви-ЦИС“, туку се зафати за сосема различна улога – онаа во која игра познато ТВ лице, д-р Фил Мекгроу, кој прерасна во одличен познавач на човековиот ум во „Шоуто на Опра“. Пред Опра да го прослави Фил глобално, и тоа зашто ѝ донесе победа во некоја адвокатска сапуница, овој психолог имаше интересна кариера која стигнува во областите на консалтинг и адвокатски услуги.

Ветерли во серијата „Бул“ го игра Џејсон Бул, човек што е сопственик на една компанија која развива стратегија за одбрана на клиентите на начин што длабински ја анализира поротата.

na-pickbox-premierno-doaga-bul-serija-inspirirana-od-dr-fil-2.jpg

Вистинскиот д-р Фил е чесен човек, фиктивниот - малку надвор од законот

Со брутална искреност, д-р Фил е вистински магнет за жените, поседува интелигенција што разоружува, шарм и дрскост, а ги чита луѓето како отворена книга. Мајсторски ги комбинира психологијата, интуицијата и современата психологија за да проникне во мозоците на сите оние што се наоѓаат во судницата: поротниците, адвокатите, сведоците, обвинетите...

Мекгроу, којшто е и извршен продуцент на серијата, изјави дека Ветерли ѝ носи многу хумор на улогата, но дека оваа серија не е биографска, туку е инспирирана од неговиот лик. Така, д-р Фил ни порачува дека оние три закони што Џејсон Бул успева да ги прекрши веќе во првите минути на епизодата, тој никогаш не ги кршел во својата долга и интересна кариера.


Не е на Тим, туку тим на Фил

Фил има свој супер тим кој експресно ги решава сите проблеми до последен детаљ, а актерите што играат рамо до рамо со Ветерли се: Фреди Родригез, Џенива Кар, Џејми Ли Киршнер, Анабел Атанасио и Крис Џексон.

Сценариото за оваа долго очекувана серија, чии нови епизоди ќе можете да ги следите секоја недела на Пикбокс, го напиша токму д-р Фил, а му се приклучија Пол Атанасио, човекот што го напиша сценариото за „Дони Браско“, како и Родриго Гарсија, кој ја режираше серијата.

Гледајте ги на Pickboxи во склоп на Pickbox во видеотеката на Max tv.

Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
10 серии на Нетфликс кои се совршени за оваа есен Ако ви се гледа добар трилер, изгледајте ја The Night Agent, а ако сте расположе...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg