8 Суперхерои кои заработиле многу повеќе од „Wonder Woman”

Иако филмот имаше огромен успех, ѕвездата на „Wonder Woman” Гал Гадо заработила само 300.000 долари од истиот. Тоа е помалку од 1 процент од вкупната заработка од 600 милиони долари на филмот. Причината веројатно е тоа што таа во 2014 година потпишала 3 годишен договор за снимање филмови според кој треба да ѝ се исплаќа по 300.000 долари на филм.

8-superheroi-koi-zarabotile-mnogu-poveke-od-wonder-woman-1

Откако се откри малата сума која овој женски суперхерој го доби за многу успешниот филм, имаше голема дебата за тоа дали е можно да постои толку голема нееднаквост помеѓу платата на машките и женските актери.

300.000 долари секако не е малку, меѓутоа во споредба со тоа колку заработиле суперхероите од другите филмови е неверојатно смешна сума:

1. Роберт Дауни Џуниор „Iron Man” (50 милиони долари)

Не само што Роберт Дауни глуми мултимилионер во филмот, филмот го направи милионер и во вистинскиот живот. Тој заработил вртоглави 50 милиони долари за „Iron Man”, а се очекува дека во следните филмови во кои ќе се појави како суперхеројот да заработи и до 200 милиони долари.

2. Скарлет Јохансон „Black Widow” (20 милиони долари)

Скарлет Јохансон заработила 20 милиони долари, а веќе се зборува и за продолжение на филмот кој поради претходната успешност се очекува дека ќе заработи многу повеќе, па и платата на Скарлет ќе порасне.

3. Вил Смит „Deadshot” (20 милиони долари)

Вил Смит не е новитет во Холивуд и неговите улоги секогаш се скапо платени. Вил Смит заработил 20 милиони долари во Suicide Squad како „Deadshot”.

4. Тоби Мекгуајр „Spiderman” (17,5 милиони долари)

Пред филмовите со суперхерои да бидат толку популарни како денес, Тоби Мекгуајр се прослави со улогата во „Spiderman”. Тој од првиот филм заработил 4 милиони долари, а веќе од вториот заработил 17,5 милиони. Од третото продолжение заработил 15 милиони, а му биле понудени 20 милиони за четврто продолжение, меѓутоа сеуште филмот не е снимен.

5. Хенри Кавил „Superman”( 14 милиони долари)

На Хенри Кавил за филмот „Man of Steel” му исплатиле дури 14 милиони долари за да го игра суперхеројот Superman.

6. Џаред Лето „The Joker” (7 милиони долари)

Иако многу малку се појавува во филмот, Џеред Лето импресивно ја одигра улогата бна Џокерот во филмот „Suicide Squad”. За улогата на Џокер заработил 7 милиони долари.

7. Крис Еванс „Captain America” (6,9 милиони долари)

Крис Еванс ја направил истата грешка како Гал Гадо, па поради лош договор заработил само 300.000 долари од филмот „Captain America”, но од филмот „Avengers: Age of Ultron”, заработил 6,9 милиони долари играјќи ја истата улога.

8. Џереми Ренер „Hawkeye” (6,1 милиони долари)

И Џереми Ранер го имал истиот проблем со лош договор па заработил 500.000 долари за неговата прва улога на суперхерој. Меѓутоа потоа во филмот „The Avengers” направил подобар договор и заработила над 6 милиони долари.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 збунувачки филмови што ќе треба да ги изгледате двапати за да ги разберете Јавноста до денес дебатира за значењето и смислата на Mullholand Drive, додека P...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg