Тинејџерски филмови од ’90-тите по кои лудувавме

The Basketball Diaries 1995

Одличен и поучен филм за младо момче кое е талентиран кошаркар, а чиј талент ќе пропадне залудно затоа што станува наркоман.

Romeo + Juliet 1996

Уште еден филм со Леонардо Ди Каприо и Клер Дејнс во главните улоги кои ги глумат Ромео и Џулиета од истоимената книга на Шекспир.

She's All That 1999

Откако најголемиот фраер во училиштето ќе остане засрамен и понижен пред сите затоа што неговата популарна девојка му раскинува, тој се обложува со другарите дека може која било друга девојка да ја направи „Матурска кралица“.

The Faculty 1998

Група средношколци кој одвај се поднесуваат се здружуваат откако ќе сфатат дека сите останати во нивното училиште и градот во кој живеат почнуваат да се однесуваат прилично чудно.

Camp Nowhere 1994

Што кога вашите родители сакаат да ве пратат во летен камп, а вие сакате да го одбегнете по секоја цена? Тогаш ги земате парите и си правите свој камп... само што не мислите дека ќе ви се придружат уште 50 други деца кои сакаат да учествуваат во него.

https://www.youtube.com/watch?v=A7eyOFMqrEc

(О) Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg