Серии што ќе ги изгледате во еден здив

Крими – How to get away with murder

Број на сезони: 3 завршени сезони, а во тек е четвртата сезона.

Група амбициозни студенти на правен факултет започнуваат да стажираат кај бескрупулозната адвокатка Анализ Китинг. Наскоро се вовлекуваат во заплеткана игра од која нема излез.

Драма – Taboo

Број на сезони: 1 завршени сезона со вкупно 8 епизоди, а се очекува и втора сезона.

Џејмс Дилејни е авантурист кој после долги години се враќа во Лондон за време на војната во 1812 година, по смртта на својот татко, со цел да го обнови бизнисот со бродови.

Неговата најголема конкуренција и Владата сакаат да го видат мртов, по секоја цена.

Трилер – Mr. Robot

Број на сезони: 2 целосно завршени сезони, а во тек е третата сезона.

Елиот, млад програмер крои одмазда кон еден од најголемите конгломерати во општествената економија. Тој има цел да ги сруши и да започне нов светски поредок со помош на хакирање и колапс на целиот нивен систем.

Авантура – Game of Thrones

Број на сезони: 7 завршени сезони, а се очекува и последната осма сезона.

Девет благороднички семејства се борат за Вестерос и за железниот престол, додека заборавена раса за која се смета дека постоела пред илјадници години повторно се враќа во борба против луѓето.

https://www.youtube.com/watch?v=522l0YE9hRQ

Мистерија – Sherlock

Број на сезони: 4 завршени сезони, а се очекува и петта сезона

Модерна верзија на омилениот детектив Шерлок Холмс, која ги следи авантурите заедно со неговиот партнер Д-р Џон Вотсон и неговиот најсуров противник – Мориарти.

Научна фантастика – Black Mirror

Број на сезони: 3 завршени сезони, а се очекува и четврта сезона.

Серија која одлично ја прикажува мрачната страна на животот и луѓето со развојот на технологијата. Сите епизоди се засебни, односно неповрзани една со друга.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...
10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...
5 серии на Нетфликс кои треба да ги изгледате ако сте љубители на „Вовед во анатомија“ Серијата „Вовед во анатомија“ можеби има посебно место во нашите срца, но постој...
„Епизодата кога сите загубивме пријател“: Најзабавните моменти од „Friends“ со засекогаш омилениот Ч... Забавната игра во која Чендлер и Џои го добиваат станот на Моника и Рејчел, но и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg