„Friends“ маратон: Сите божиќни епизоди

Сезона 5, Епизода 10

Оваа сезона има помалку Божиќни моменти од вообичаено, меѓутоа во еден дел од епизода Фиби волонтира да собере пари за сиромашните. Секако тоа и носи многу неволји. Моника и Чендлер се во тајна врска оваа сезона, така што ќе видите и дел од нивните авантури во епизодава.

https://www.youtube.com/watch?v=fvwoiDSitec

Сезона 6, Епизода 10

Она што во 5-та сезона недостасува, во 6-тата сезона е доста надокнадено. Оваа епизода е преполна со Божиќни и Новогодишни елементи. Џои е во врска со супермодел, Моника и Рос пробуваат да ја изведат нивната танцова рутина за време на Тв шоу на кое пријателите присуствуваат. Фиби, Чендлер и Рејчел ги бараат подароците од Моника низ станот и се многу загрижени што да и купат оваа година за Божиќ.

https://www.youtube.com/watch?v=XYRue0GUIsg&index=22&list=PL4VjYMnxdYuVLbivdj8F8YYEJYy52N-4g

Сезона 7, Епизода 10

Оваа епизода е позната поради Рос. Рос сака да го запознае неговиот син Бен со неговата идеа за Божиќ, но не може да најде костим кој е спротивен на Дедо Мраз. Чендлер сакајќи да го импресионира Бен се облекува како Дедо Мраз. Рос е бесен затоа што Чендлер му ги краде 5-те минути, но Бен е конечно задоволен од Божиќ затоа што го гледа Дедо Мраз.

https://www.youtube.com/watch?v=VH-6u-3qglY

Сезона 8, Епизода 9

Рос е во врска со Мона која решава дека оваа година е време да испратат божиќна картичка од двајцата заедно. Ова го тера Рос да прави сериозен разговор со Мона за иднината на нивната врска. Рејчел е бремена со дете од Рос, и поради нејзините хормони, таа го врти нејзиното внимание кон Џои.

https://www.youtube.com/watch?v=izpKQEV988g

Сезона 9, Епизода 10

Цела епизода се врти околу Чендлер, кој патува до Тулса и назад поради неговата работа. Додека седи во Оклахома ги испраќа сите работници да си одат дома за празниците и да бидат со своите семејства. Потоа тој решава да ја напушти својата работа. Оваа епизода е полна со сеќавања од претходни епизоди. Одлична епизода ако се чувствувате носталгично.

https://www.youtube.com/watch?v=YuVvROVrqH4

А. В. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Епизодата кога сите загубивме пријател“: Најзабавните моменти од „Friends“ со засекогаш омилениот Ч... Забавната игра во која Чендлер и Џои го добиваат станот на Моника и Рејчел, но и...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg