Филмови кои со нетрпение ги очекуваме во февруари 2018

Време е за нова тура филмови чии премиери со нетрпение ги очекувавме.

Filmovi-koi-so-netrpenie-gi-ocekuvame-vo-fevruari-01.jpg

Работени според вистински приказни, стрипови, неколку научно-фантастични филмови, црна комедија и еден цртан филм, февруари е навистина шаренило од филмови кое ќе ги задоволи сите вкусови на љубителите на седмата уметност.

Што ќе гледаме во вториот месец од годината?

Winchester – 2 февруари

Снимен според вистинската приказна на Сара, ексцентричната богата наследничка на компанијата Винчестер за производство на огнено оружје, која верува дека е прогонувана од душите на луѓето кои се убиени токму од нивните пушки.

24 Frames – 2 февруари

Ова е последното дело односно експериментален проект на иранскиот режисер Abbas Kiarostami кој почина во 2016 година, а ги следи последните 3 години од неговиот живот.

Филмот е колекција од 24 кратки филмови во времетраење од 4 и пол минути инспирирани од пејзажи, фотографии и слики на платно.

https://mubi.com/films/24-frames/trailer

Before We Vanish – 2 февруари

Тројца вонземјани доаѓаат на планетата Земја и се вселуваат во тела на луѓе со цел да научат нешто за човековиот род пред почетокот на апокалиптичниот напад кој го подготвуваат.

The 15:17 to Paris – 9 февруари

Во режија на Клинт Иствуд овој филм ја следи приказната на тројца Американци кои откриваат детали за терористички напад додека патуваат со воз низ Франција.

Black Panther – 16 февруари

Уште една екранизација на супер херој од стриповите на Марвел – Црниот пантер, кој по настаните од Граѓанската војна со капетанот Америка се враќа назад во родната Ваканда, да го заземе тронот кој му припаѓа.

Уште 5 филмови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg