5-те најдобри филмови на Арнолд Шварценегер

Покрај култниот Terminator кој веќе е цела франшиза со неколку продолженија, постојат и други филмови со Арнолд Шварценегер кои сигурно ќе ви се допаднат. 

5-najdobri-filmovi-na-arnold-svarceneger-01.jpg

Шварценегер имал навистина неверојатен живот.

Како австралиски имигрант во САД, тој стана шампион во бодибилдинг, се збогати со инвестирање во недвижнини, се докажа како актер во Холивуд и победи на изборите за гувернер на Калифорнија.

Сепак, повеќето луѓе во светот го познаваат Арнолд Шварценегер по неговите улоги во популарните акциони филмови.

5 од најдобрите филмови на Арнолд Шварценегер:

Conan The Barbarian (1982)

Овој филм му ја отвори вратата на Холивуд на Шварценегер.

Се работи за адаптација на епската фантастика на Роберт Е. Хауард за Конан Варваринот.

The Terminator (1984)

Во научно-фантастичниот филм на Џејмс Камерон, Шварценегер глуми робот-убиец кој патува низ времето, односно доаѓа од иднината за да ја убие Сара Конор - мајката на идниот спасител на човештвото.

Predator (1987)

Во овој филм, Шварценегер има задача да ги спаси заложниците во џунглата во Централна Америка со група командоси.

Меѓутоа, кога ќе стигнат таму, ќе мора да се соочат со опасен невидлив непријател кој не потекнува од нашата планета.

Total Recall (1990)

Се работи за адаптација на кратка приказна на писателот Филип К. Дик.

Дејството на филмот ги следи авантурите на Даглас Квејд (Шварценегер), обичен градежен работник кој е вплеткан во шпионска афера на Марс.

Даглас не е во состојба да препознае дали тоа навистина се случува или сè е производ на лажното сеќавање што го добил од футуристичка туристичка агенција.

Terminator 2: Judgment Day (1991)

Во продолжението на Terminator, Шверценегер повторно глуми робот од иднината. 

Но, сега има мисија да го заштити синот на Сара Конор од новиот Терминатор, кој има можност да се претвори во секој што ќе го допре.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg