Филмови кои со нетрпение ги очекуваме овој декември

Се приближуваме кон крајот на годината, што значи дека останаа уште малку филмови чии премиери ги очекуваме во нетрпение. Можеби најочекуваниот, последниот од сагата „Star Wars“ ќе започне да се прикажува на 20 декември во кино салите ширум светот.

Filmovi-koi-so-netrpenie-gi-ocekuvame-ovoj-dekemvri-01.jpg

Мора да признаеме дека декември крие неверојатни филмски изненадувања кои квалитетно ќе ја заокружат годината кога станува збор за седмата уметност.

 Кои филмови ги очекуваме со огромно нетрпение во последниот месец од годината?

Star Wars: The Rise of Skywalker

Преживеаните од „Отпорот“ се соочуваат со моќните сили на „Првиот ред“ во уште една неверојатна битка, додека авантурите на Реј, Фин и По продолжуваат. Со помош на моќта и знаењето на генерациите што пред нив, започнува последната битка за галаксијата.

Black Christmas

На колеџот Hawthorne е многу тивко за време на празниците. Една по една девојките на кампусот се убиени. Но, убиецот ќе открие дека оваа генерација на жени не се подготвени да станат несреќни жртви додека силно го возвраќаат ударот.

Bombshell

Дел од жените во медиумсскиот гигант Fox News преземаат чекори со цел да ја разоткријат токсичната работна атмосфера и малтретирањето од страна на магнатот Роџер Ејлс. Работен според вистински настани.

Jumanji: The Next Level

Четворицата играчи ги продолжуваат своите авантури во вториот дел кој опфаќа џунгла, пустина, планина и опасни животни, со цел да го спасат неверојатниот свет кој се крие во играта Џуманџи.

The Aeronauts

Во 1862 година, своеглавиот научник Џејмс Глејшер и богатата, млада вдовица Амелија Врен започнуваат да планираат експедиција која опфаќа летање со огромен балон со цел да одлетаат повисоко од сите кое се обиделе пред нив.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 нови филмови што ги освоија симпатиите на публиката Wonka, The Beekeper, Madame Web – дел од поновите филмови што ѝ се допаднаа на п...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 филмови што никогаш нема да ви станат здодевни (колку пати и да ги гледате) Од The Devil Wears Prada до Forrest Gump, има филмови што ретко кој ги изгледал ...
10 заплеткани филмови кои ќе ве натераат да размислувате Веќе култниот Blade Runner на Ридли Скот, но и уникатниот Stalker на рускиот реж...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg