Најдобрите акции од 2019 кои не смеете да ги пропуштите

Привршуваме со филмскиот рекапитулар за оваа година и мора да признаеме дека 2019-та година ни понуди одлични филмски наслови.

Najdobrite-akcii-od-2019-godina-01.jpg

Сигурно можете да наброите најмалку 10 одлични филмови кои ја одбележаа годината. Но доколку сте љубител на жанрот акција, следните предлози се вистинскиот избор за возбудлива филмска вечер:

John Wick: Chapter 3 – Parabellum

Џон Вик, легендарниот платен убиец останува без заштитата на својата организација. Се нудат 14 милиони долари за неговата глава, додека Вик се обидува да им избега на останатите најмени убијци низ улиците на Њујорк со цел да преживее.

Rambo: Last Blood

Ветеранот од Виетнамската војна, Џон Рамбо, се обидува да најде мир покрај ранчот со коњи во Аризона. Тој има развиено специјална семејна врска со жена по име Марија и нејзината внука, тинејџерката Габриела.

Gemini Man

Хенри Броган е елитен убиец на 51-годишна возраст, кој е подготвен да се пензионира. Неговите планови се менуваат кога станува жива мета на мистериозен оперативец кој навидум може да го предвиди секој негов потег.

Fast & Furious Presents: Hobbs & Shaw

Брикстон Лор е кибернетички подобрен војник кој поседува натчовечка сила, брилијантен ум и смртоносен патоген што може да избрише половина од светската популација. На Лук Хобс и Декард Шоу им останува да се здружат заедно, надминувајќи ги несогласувањата од минатото, со цел да го спречат Лор и уништувањето на човештвото.

Angel Has Fallen

Властите го приведуваат агентот на Тајната служба Мајк Бенинг во притвор за неуспешниот атентат на претседателот на САД. Откако ќе се ослободи од киднаперите, Бенинг е во бегство од ФБИ и сопствената агенција и во потрага да ја пронајде вистинската закана за претседателот.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
10 од најдобрите комедии на 21-ви век што сигурно ќе ве расположат Tropic Thunder e забавна критика на холивудските филмови и нивните клишеа, додек...
5 серии на Нетфликс кои треба да ги изгледате ако сте љубители на „Вовед во анатомија“ Серијата „Вовед во анатомија“ можеби има посебно место во нашите срца, но постој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg