Идеи за книги и филмови за магична јануарска атмосфера

Јануари е месец на нови почетоци... Освен што нè потсетува на минливоста на животот, ни отвора и нови перспективи, истовремено прикажувајќи ги страниците што треба да ги напишеме. Но, се разбира, мора да одвоиме време и за страниците кои мора да ги прочитаме. 

idei-za-knigi-i-filmovi-za-magichna-dekemvriska-atmosfera-01.jpg 

Јануари е месец кој сите емотивно нè поврзува. Не само што ставивме крај на уште една календарска година, туку се подготвуваме со нов животен замав да скокнеме во предизвиците што нè очекуваат.

Во деновите кога планираме каде да заминеме на некое зимско патување, ви подготвивме листа на книги, филмови и цртани, кои ќе дадат дополнителна убавина на вашето секојдневие и ќе ве натераат да се почувствувате како дете, додека надвор паѓа снег, а вие седите на удобна софа пред накитената елка. 

Ако сте љубители на филмови, сигурно ги знаете следните наслови. Но, ништо не пречи ако се потсетите уште еднаш...

Почнете со How the Grinch Stole Christmas и како зеленото монструмче планира да го уништи Божиќ на сите граѓани во едно гратче, или семејната драма The Santa Clause, од 1994 година, која ќе ве насмее до солзи и ќе ве воздигне.

knigi filmovi i crtani sovrseni za mesec dekemvri 3

Тука ќе се најдат и некои цртани филмови.

Легендарниот The Snowman, кој со времетраење од 26 минути ќе ве наврати во најскриените детски спомени.

А, The Polar Express ќе ве впрегне во непредвидлива авантура на Северниот Пол. Па има ли нешто поубаво од тоа?

knigi filmovi i crtani sovrseni za mesec dekemvri 5

Кога станува збор за книги, може да започнеме со новелата Божиќна приказни на Чарлс Дикенс, каде ќе дознаете зошто овој празник ги грее нашите срца и знае да нè инспирира во секој можен сегмент од животот.

Уште еден интересен наслов е Божиќна мистерија од Јустејн Гордер, ова совршена бајка ќе ве врати назад во Витлеем и раѓањето на Христос.

knigi filmovi i crtani sovrseni za mesec dekemvri 4

Е. Х. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 мини-серии за маратонско гледање, одлични за продолжен викенд Ако сакате психолошки трилери, изгледајте ја Sharp Objects со Ејми Адамс во глав...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg