Хаотично-забавен трејлер за новата сезона на Преспав (видео)

Преспав викендов го објавија официјалниот трејлер за најава на новата сезона и според она што го гледаме, сезоната би требало да биде урнебесна.

haotichno-zabaven-trejler-za-novata-sezona-prespav-video-01.jpg

Тоа што веднаш ги возбуди илјадниците фанови на Преспав е нараторот во трејлерот, односно гласот на Владо Јовановски, првиот Миле Бузалески.

Гласот на Јовановски вели: „Преспа е местото каде што Господ Бог преспал... А Преспав требаше да биде место каде што ќе биде поставен рајот...“.

Но од изборот на сцени од новата сезона не изгледа како да сте во рајот. Напротив, амбиентот во пансионот делува хаотично, односите се затегнати, функциите помешани, а гостите непредвидливи.

haotichno-zabaven-trejler-za-novata-sezona-prespav-video-02.jpg

Кон крајот на трејлерот нараторот додава: Сега само еден може да го спаси Преспав - при што во пансионот влегува мистериозен маж во античка облека на бел коњ. Фановите погодуваат кој би можел да биде тој „спасител“, многумина дефинитивно алудирајќи на духот на Александар Македонски.

Останува да гледаме!

Новата сезона Преспав започнува со емитување на 18-ти декември, во 20:15 часот на МРТ1!

Би можело да ве интересира:

Најдобрите празнични филмови на сите времиња, според IMDb Покрај Home Alone кој традиционално се наоѓа на сите вакви листи, кои се другите...
„Епизодата кога сите загубивме пријател“: Најзабавните моменти од „Friends“ со засекогаш омилениот Ч... Забавната игра во која Чендлер и Џои го добиваат станот на Моника и Рејчел, но и...
Филмски премиери кои со нетрпение ги очекуваме во 2024-та Долгоочекуваното продолжение на Dune, но и биографскиот филм за Боб Марли – Што ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg