Одлични филмови кои се фокусираат на осаменоста

И експертите се согласуваат дека пандемијата ќе предизвика (или веќе предизвика) и цунами на осаменост на глобално ниво.

Ova se najdobrite filmovi koi se zanimavaat so osamenost 01

Без оглед на ситуацијата, ќе мораме да научиме да живееме со тоа и луѓето кои ја чувствуваат да најдат начин да ја надминат. 

За таа цел, важно е да се биде свесен за осаменоста и да не се бега од овој проблем, напротив да се соочиме со неа. 

Да се потсетиме на пет добри филмови кои се занимаваат со осаменоста како еден од главните мотиви:

Amélie

Режисерот Жан-Пјер Жене создаде одличен филм кој долго ќе се памети. Сепак, Амели е, пред сé, филм кој се занимава со осаменоста.

Филмот покажува како еден богат внатрешен живот и целосното сеопфатно разбирање на сопствена осаменост, на крај завршува со среќен исход.

Her

Спајк Џоунс во својот филм ја раскажува уникатната приказна за радикализираната осаменост во еден дистописки свет. Се работи за длабока и искрена емотивна приказна за недореченоста како корен на осаменост. Дури ни семоќниот оперативен систем не може да ја промени ситуацијата.

The Island

Филозофијата на самотија и осаменост како два комплеменарни пола што секој поединечно ги обликува, е главниот мотив на ова одлично руско достигнување, во режија на Павел Лунгин.

The Breakfast Club

Хероите на овој филм на Џон Хјуз го поминуваат своето време заедно во една училишна библиотека (како казна). Оваа приказна и овој емотивен тинејџерски филм укажуваат на тоа дека осаменоста може да се надмине, особено доколку се разбере туѓата осаменост, која е помалку видлива.

Into the Wild

Секако, еден од најочигледните избори на оваа тема е филмот на Шон Пен, кој храбро и прилично интензивно се справува со навидум едноставна документарна проза за животот на студентот Кристофер Мекендлс.

Осаменоста е ретко кога исто што и иритирачкиот солипсизам, како што нè потсетува овој извонредно направен филм.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg