Омилените ликови од цртаните филмови што ќе ве вратат во детството

Од оптимизмот и љубезноста на Мики Маус, до брзото размислување и хуморот на Ушко Долгоушко, овие ликови ни дадоа важни лекции за упорностa, креативностa и емпатијата.

omilenite-likovi-od-crtanite-filmovi-shto-kje-ve-vratat-vo-detstvoto-01.jpg

Како деца, сите имавме омилени херои кои сакавме да ги гледаме. За многумина од нас, тие херои честопати беа анимирани ликови кои нè смееја, ни даваа важни лекции и ни обезбедуваа многу часови забава. 

Том и Џери, култното дуо мачка и глушец, се меѓу најомилените херои од детството. Создадени од Вилијам Хана и Џозеф Барбера во 1940 година, Том и Џери се појавија во безброј кратки анимирани филмови. Познати по нивната класична игра на мачка и глушец, при што Том секогаш се обидуваше да го фати Џери, а Џери секогаш успеваше да го надмудри.

Нивните лудории се бескрајно забавни и ги пленат децата (па дури и постарите) со генерации.

omilenite-likovi-od-crtanite-filmovi-shto-kje-ve-vratat-vo-detstvoto-02.jpg

Потсетувајќи се на овие херои од детството, сфаќаме колку тие ги обликуваа нашите вредности. Од оптимизмот и љубезноста на Мики Маус, до брзото размислување и хуморот на Ушко Долгоушко, овие ликови ни дадоа важни лекции за упорноста, креативноста и емпатијата.

И денес, како возрасни, можеме да најдеме утеха и инспирација во овие безвременски херои.

Уште некои од најомилените херои кои денес ни будат носталгија:

Симба

Симба од Lion King, еден од најомилените анимирани филмови на Дизни, беше уште еден херој што ја освои нашата имагинација.

Го гледавме Симба како расте од љубопитно лавче во храбар крал, учејќи важни лекции за семејството, одговорноста и простувањето.

Незаборавните песни oд филмот и прекрасната анимација сè уште нè фасцинираат до ден-денес.

Џивџи

Џивџи, или Тweety, e уште еден херој од детството што го сакавме.

Со својот сладок глас и невиното однесување, Џивџи секогаш успеваше да го надмудри својот непријател, мачорот Силвестер.

Вини Пу

Вини Пу книгата е објавена е во 1926 година од Алан А. Милн. Авторот тогаш рекол дека не е наменета за деца, туку за деца и возрасни.

Во 1966 година се појавува првиот филм на Дизни и станува омилен на многу генерации.

Мики Маус

Тој е најпопуларниот анимиран лик во светот. Создаден е од Волт Дизни во 1928 година и оттогаш е прикажан во многу филмови кои ги забавуваат децата.

Ушко Долгоушко

Bugs Bunny, кај нас попознат како Ушко Долгоушкo, е мудриот зајак од цртаните филмови на Warner Bros. и уште еден омилен анимиран лик.

Со неговата досетливост, секогаш ги надмудруваше своите непријатели.

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 заплеткани филмови кои ќе ве натераат да размислувате Веќе култниот Blade Runner на Ридли Скот, но и уникатниот Stalker на рускиот реж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg