3 предлог книги од најпознатата писателка на Балканот, Ведрана Рудан

„Танц околу Сонцето“ и уште две предлог книги од најпопуларната писателка на балканските простори – Ведрана Рудан.

3-predlog-knigi-od-najpoznatata-pisatelka-na-balkanot-vedrana-rudan-01.jpg

„Танц околу Сонцето“ а автобиографска книга на авторката во која таа зборува за своето нималку безгрижно детство, за патот до успехот. Во другите две книги загатнува прашања што ќе нѐ натераат да помислиме на прашањето: „Кои сме ние кога никој нѐ не гледа?“.

Ведрана Рудан важи за една од најпознатите авторки на нашите простори. Благодарение на смелиот стил на пишување, кој некогаш граничи со дрскост, таа важи за една од најдобрите писателки на Балканот.

Освен што објавува романи, доста е активна и на нејзиниот книжевен блог, а текстовите што таму ги објавува многупати се споделуваат во балканските медиуми. Таа секогаш има свој одговор и критика за она што се случува во општеството, а начинот на којшто ги пишува работите лесно продираат до читателската публика и во нејзините текстови се пронаоѓаат многумина.

Пред да почне да пишува, Ведрана работела како туристички водич, продавала сладолед, а била новинар и учителка.

Работела како колумнистка, а во 2009-та година била отпуштена од телевизија Nova затоа што дала заради непримерна изјава на Денот на Холокаустот.

Во продолжение 3 предлог книги од Ведрана Рудан:

„Костурите на округот Медисон“

Приказна за родителите, децата, љубовта и сексот. Ова е полифоничен роман, во кој преку приказната на главните ликови се разбиваат стереотипите за пожртвуваните мајки, послушните ќерки, посветените сопрузи и злобните љубовници. 

3-predlog-knigi-od-najpoznatata-pisatelka-na-balkanot-vedrana-rudan-05.jpg

„Танц околу Сонцето“

„Танц околу Сонцето“ а автобиографска книга на авторката во која таа зборува за своето нималку безгрижно детство, за децата и за внуците, за патот што го поминала од продавачка на сладолед на плажа, до најчитаната писателка во регионов.

 3-predlog-knigi-od-najpoznatata-pisatelka-na-balkanot-vedrana-rudan-03_copy.jpg

„Маж в грло“

Кои сме ние кога никој не нѐ гледа? Низ односот на главната хероина со неколку различни мажи, Ведрана Рудан зборува за неможноста за комуникација, за потешкотиите на кои наидуваме во настојувањето да го достигнеме идеалот на вистинската блискост меѓу двајца луѓе.

3-predlog-knigi-od-najpoznatata-pisatelka-na-balkanot-vedrana-rudan-04.jpg 

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
Три книги за моќни жени што ќе ви го задржат вниманието до последната страница Жените кои се бореле против себе, против општеството, кои биле потиснувани, а по...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
3 книги што ќе ве замислат (и ќе ве вовлечат во сосема поинаков свет) Наставник по историја кој е жив неколку векови, но не смее да се вљуби, момче шт...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg