3 морничави трилери инспирирани од вистински приказни (од кои ќе се наежите)

Некои вистински приказни послужиле да се напишат навистина морничави трилери од кои ви се ежи кожата. Од култови до сериски убијци... Некои од најморничавите настани во историјата биле инспирација да се напишат некои од најпопуларните трилери.

3-mornichavi-trileri-inspirirani-od-vistinski-prikazni-od-koi-kje-se-naezhite-01.jpg

Некогаш слушаме морничави вести што не би можеле да замислиме дека некогаш би можеле да бидат опишани ниту во најлудите сценарија, па затоа реалноста може да биде инспирација за писателите да ги разработат своите страшни и морничави приказни. 

Од култови до сериски убијци... Некои од најморничавите настани во историјата биле инспирација да се напишат некои од најпопуларните трилери.

Овојпат ви издвојуваме 3 морничави трилери и настаните што ги инспирирале:

„Девојките“ – Ема Клајн

Настаните во романот се случуваат во 60-тите години на минатиот век во Калифорнија, кога Еви Бојд случајно здогледува 3 девојки во паркот чија разузданост и опасна аура веднаш ѝ го привлекуваат вниманието.

Таа е вовлечена во култ кој е воден од харизматичен лидер, а Ема сакајќи да биде поблиску до Сузан, повозрасна девојка со која е опседната, ќе прифати да живее на ранчот на комуната, кој е скриен подалеку од очите на обичните луѓе.

Романот е инспириран од озлогласениот култ The Family (Семејството) на Чарлс Менсон, кој извршил неколку убиства, вклучувајќи го и она на актерката Шерон Тејт.

3-mornichavi-trileri-inspirirani-od-vistinski-prikazni-od-koi-kje-se-naezhite-02.jpg.jpg

„Совршената дадилка“ – Лејла Слимани

Мирјам е француски адвокат со мароканско потекло. Таа и нејзиниот сопруг одлучуваат дека таа треба да се врати на работа откако подолго време била домаќинка што се грижи за децата, а според нив решението е едноставно: само треба да најдат совршена дадилка за своите две деца.

Луиз е сѐ она за што тие сонувале: тивка, љубезна, посветена на работата.

Со текот на времето, сопружниците и дадилката стануваат сѐ повеќе зависни едни од други, а меѓу нив почнуваат да се зголемуваат чувствата на љубомора, презир и сомнежи.

Романот е инспириран од озлогласеното двојно убиство на деца во Њујорк од 2012-та година, но Слимани настаните ги префрла во Париз и ги суптилно ги поместува расните разлики меѓу семејството и дадилката.

Ова е роман што буквално ве тера да се соочите со своите најголеми стравови и нема да ви даде мир додека не го завршите.

3-mornichavi-trileri-inspirirani-od-vistinski-prikazni-od-koi-kje-se-naezhite-02_copy.jpg

„Девојката А“ – Абигејл Дин

Лекс Грејс воопшто не сака да размислува за своето семејство и за детството во „Куќата на хоророт“ каде што израснала.

Не сака да размислува за тоа која е нејзината улога како девојката А: најстарата сестра која успеала да го ослободи својот постар брат и четворицата помали браќа и сестри и да побегне од хоророт што татко ѝ го создал во нивниот дом.

Но, кога мајка ѝ ќе почине во затвор и ќе им ја остави во наследство куќата од каде што побегнале, Лекс мора да се врати и да се соочи со минатото.

Како адвокат по професија Дин била инспирирана за романот од голем број судски случаи, меѓу кои и оние за англиските убијци Роуз и Фред Вест, како и парот од Калифорнија Дејвид и Луиз Турпин. кои во 2019-та година биле обвинети дека сексуално малтретирале 12 од нивните 13 деца.

3-mornichavi-trileri-inspirirani-od-vistinski-prikazni-od-koi-kje-se-naezhite-03_copy.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три морничави трилери чиј крај ќе сакате што побрзо да го дознаете Ако сте љубител на трилери и приказни со неизвесен крај, овој пат ви препорачува...
Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
3 одлични романи од македонски автори (за вистински љубители на книгите) Трогателни приказни со херои кои живеат на нашите простори. Приказни инспирирани...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg