Три морничави трилери чиј крај ќе сакате што побрзо да го дознаете

Ако сте љубител на трилери и приказни со неизвесен крај, овој пат ви препорачуваме три книги за страшни женски судбини, кои едвај ќе чекате да ги дочитате до крај.

tri-mornichavi-trileri-chij-kraj-kje-sakate-shto-pobrzo-da-go-doznaete-01.jpg

Средовечна жена која некогаш била сон на секој маж, а сега никој не ја забележува, размислува да направи злочин; жена соочена со страшната судбина се навраќа на минатото и на нејзината замислена другарка; жена која мора да ги прифати грешките од минатото на својата ќерка и да биде казнета за тоа...

Прочитајте ги овие три трилери од кои ќе ви се замрзне крвта, и ќе сакате што побрзо да го дознаете крајот на приказната:

„Невидлива“ – Сузи Лајнес

Рејчел е средовечна жена во менопауза, која во младоста била сон на секој маж, но денес како да е невидлива.

Иако може да избира, таа решава да се омажи за Марк, скромен и пристоен маж, кој повеќе го цени нејзиниот карактер отколку убавината.

Рејчел го замислува бракот како семејна идила и им се посветува целосно на децата и сопругот, но, како поминува времето, таа сфаќа дека почнала да се запоставува и дека по 27 години брак, станува „невидлива“ за нејзиниот сопруг.

За себе смета дека се претворила во домашна помошничка, на која никој од семејството, но и во општеството, веќе не ѝ обрнува внимание.

Нејзиниот револт толку расте, што таа почнува да размислува – кога веќе е невидлива, да направи нешто за што никој не би можел ни да претпостави дека е способна.

tri-mornichavi-trileri-chij-kraj-kje-sakate-shto-pobrzo-da-go-doznaete-02.jpg

„Шепни ми нешто“ – Кери Ен Кинг

Мејси е самохрана мајка која никогаш не ги исполнила очекувањата на најблиските.

Таткото на нејзината ќерка смета дека е психички нестабилна, но и покрај тоа ја прогонува – каде и да оди Мејси, тој е секогаш таму и ѝ ги потенцира нејзините недостатоци.

Но, по еден телефонски повик, животот ѝ се менува во целост.

Нејзината мајка е во кома и Мејси треба да реши дали таа ќе продолжи да живее или да ја остави, да ги напушти неа и нејзиниот татко.

И додека Мејси бара одговори, таа почнува да се навраќа на детството и на девојчето со кое си играла кога била мала, а кое сега е возрасна жена.

Откако знае за себе, Мејси е поврзана со неа. Но, истражувајќи ги најмрачните спомени, почнува да се прашува дали Марли, ликот кој ѝ е животна водилка, е реална личност или замислена другарка и плод на нејзината фантазија…

tri-mornichavi-trileri-chij-kraj-kje-sakate-shto-pobrzo-da-go-doznaete-03.jpg

„Ќерката“ – Луси Досон

Џес живее со грешките од минатото кои пред 17 години ги направила нејзината ќерка.

Кога ќе се сети на тоа, ѝ замрзнува крвта, но пробува да се помири со улогата што ја одиграла и самата таа во целата ситуација.

Цената на нејзината грешка е голема и засекогаш ја менува Џес, а таа веќе не е личноста што некогаш била.

За да избега од минатото, Џес се сели и почнува нов живот со своето семејство.

Но, кога во нивниот дом почнуваат да се случуваат застрашувачки работи, поврзани со она што ѝ се случило на нејзината ќерка, Џес знае дека нема да побегне од минато.

tri-mornichavi-trileri-chij-kraj-kje-sakate-shto-pobrzo-da-go-doznaete-0_copy.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 трилери од македонски автори (заради кои ќе грицкате нокти до самиот крај) Ви претставуваме три возбудливи трилери од македонски автори за кои се зборува и...
3 морничави трилери инспирирани од вистински приказни (од кои ќе се наежите) Некои вистински приказни послужиле да се напишат навистина морничави трилери од ...
За секого по нешто: 3 книги што треба да ги имате на полицата Издвојуваме по една книга за секого: За безнадежните романтичари што сакаат да ч...
Сериски убиец, мистериозен вирус, адвокат кој работи против клиентот: 3 книги кои ќе ве држат во неи... Сериски убиец во Копенхаген, мистериозна болест од која умираат сите возрасни, н...
3 одлични трилери без кои не треба да си заминете од Саем на книга 2024 Кои три трилери вреди да ги набавите годинава на Саемот на книга? Издвојуваме тр...
3 одлични крими трилери што ќе ги прочитате во еден здив Потрага по 5-годишно момче што одеднаш исчезнува од градинката во Стокхолм, мист...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg