Возбудливи крими трилери кои не смеете да ги пропуштите оваа есен

„Помислата дека имате добра книга за читање пред да одите в кревет, се вбројува помеѓу највозбудливите задоволства“ рекол Набоков.

Vozbudlivi-krimi-trileri-01.jpg

Па доколку сте подготвени за вистинско, возбудливо задоволство, не смеете да ги пропуштите следните три, одлични трилери.

Оваа есен задолжително одвојте време за:

Црвеношијка – Ју Несбе

1944: Во рововите кај Ленинград загинува норвешкиот доброволец Даниел Гудесон. Во една виенска болница еден ранет војник се претставува како Даниел. Тој се вљубува во убавата болничарка Хелена.

1999: Поради неусогласеност на службените информации, Хари Хуле ќе застрела еден припадник на американската тајна служба при посетата на американскиот претседател на Норвешка.

За да се забошоти инцидентот, Хуле е префрлен во полициската служба за безбедност, каде што самоиницијативно се зафаќа со проверка на информации за шверцување на оружје, поврзани со неонацистите.

Vozbudlivi-krimi-trileri (1).jpg

Очи на темнината – Дин Кунц

Кинески научник по име Ли Чен избега од Кина во Соединетите Американски Држави и со себе донесе дискета со записи за најважното и најопасното ново кинеско биолошко оружје во целата деценија.

Материјалот го викаат ’Вухан-400‘, бидејќи е развиен во нивните лаборатории за рекомбинирање што се наоѓаат околу градот Вухан…

Vozbudlivi-krimi-trileri (3).jpg

Нешто во водата – Кетрин Стедман

Колку далеку би отишле за да бидете вистински среќни?

Ерин го сака Марк и Марк ја сака Ерин. Нивната љубов е една од оние фанатичните, кои горат силно, љубов каде ништо друго не е важно.

Но кога приказната почнува, тие двајца се во шума; едниот од нив е мртов, а другиот копа гроб. Што ли се случило? Има само еден начин да дознаете…

Vozbudlivi-krimi-trileri (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
Три љубовни романи совршени за оваа зима Овие три љубовни романи се читаат без здив од првата до последната страница. А в...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
3 лесни љубовни романи од Џорџија Кејтс, одлични за на плажа Трилогијата „Убавина“ на авторката Џорџија Кејтс е идеално четиво за на плажа. К...
3 книги идеални за почетокот на есента, кои ќе ве расположат Иако се неповрзани тематски една со друга, единствената заедничка работа на овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg